verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој „плаче“ за кривична пријава

on 21 - 09 - 2016       

ohridsky

[Рецензија: Ексклузивно – ВМРО ДПМНЕ ќе ги одлага изборите и ќе ја дестабилизира Македонија]

 

Овој текст содржи еден куп сериозни обвинувања на сметка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на еден и единствен анонимен извор. Обвинувањата се во насока на тоа дека луѓе од партијата во иднина се подготвени да сторат сериозни кривични дела. Ваквите информации не се проверени ниту потврдени од друг извор, што е спротивно на новинарските правила.

ekskluzivno-vmro-dpmne-kje-gi-odlaga-izborite-i-kje-ja-destabilizira-makedonija-ohrid-skyЛинк на оригиналниот напис: Ексклузивно – ВМРО ДПМНЕ ќе ги одлага изборите и ќе ја дестабилизира Македонија

Датум и време на објавување: 19.09.2016

Датум на рецензирање: 20.09.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

„ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА, ГРАЃАНСКА ВОЈНА…“

Уште со самиот наслов на текстот се шири паника во јавноста, дека владејачката партија ќе ја дестабилизира државата. Насловот намерно е непрецизен, за да предизвика различни толкувања на поимот дестабилизација и да создаде слика дека во Македонија во иднина би имало граѓанска војна. Ваквиот наслов и тоа како привлекува внимание и кликови.

Написот подолу содржи низа обвинувања, за медиумите, за ВМРО-ДПМНЕ, но и за конкретни личности.

„Трговдските радио дифузни друштва ,кој имаат национални , регионални и локални концесии, кој се под капа на ВМРО ДПМНЕ,а дел од нив и во нивна сопственост ,веднаш по 11 Октомври ,ќе го извршат најголемиот медиумски Пуќ,како би го испрале образот на Груевски и ДПМНЕ пред народните маси, дознава Охридскај од висок преставник на ВМРО ДПМНЕ“.

Прво, со прст се покажува кон телевизиите кои биле под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, иако тие не се именувани конкретно, дека ќе извршеле медиумски „пуч“, за да го прекршат договореното меѓу четирите партии за изборите, во поглед на медиумите. Тоа, за да се налутела опозицијата и да немало избори. Изворот за ваквите информации, но и за тие подолу во написот, како што се нагласува во првиот пасус од текстот, е висок претставник од владејачката партија.

 

ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА ЗА СЕРИОЗНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА

Понатаму, како директен виновник за ова и наредбодавец се посочува главниот и одговорен уредник на „Сител“, иако во завиена форма, „Скопски Дечко“ од село „Латаси“.

„…по предлог на „Скопски Дечко“ од село Латаси, издадена е наредба до сите провладини Радио дифузни друштва ,да не ги почитуваат Законите , да известуваат пристрасно во корист на ВМРО ДПМНЕ 24/7, како и да не остапуваат простор на опозициските партии“.

Имаме обвинување за Латас, но немаме негов став, негова изјава, што е спротивно на новинарските  стандарди.

Подолу, како главен соучесник на ВМРО-ДПМНЕ во дестабилизација на земјава, се спомнува ГДОМ, чии претставници ќе биле главни за организирање масовни протести пред Уставен суд и пред СЈО.

„Пред уставниот Суд и Пред СЈО ќе биде главна концентрација на припадниците на перјаницата на Груевски ГДОМ, кој ќе бараат итно укинување на СЈО, како и поништување на сите кривични дејствија кој СЈО ги процесуирало , и оние кој биле во фаза на истрага!! Забеганоста оддела до таму , што , дури поединци правеле план ,како да влезат во просториите на СЈО и да ги оддземеле сите материјали , со акцент на оние кои потекнуваат од Нелегално прислушуваните разговори…“

Тука имаме обвинувања за сериозни кривични дела, но сепак немаме изјава од втората страна, во случајов, од претставници на ГДОМ. Кога некој се обвинува за нешто, убаво е јавноста да го слушне и неговиот глас.

 

АТЕНТАТИ И НАРАЧАНИ УБИСТВА!

Подолу веќе го имаме шлагот на тортата.

„Крајно , ВМРО ДПМНЕ ,не сака фер и демократски избори, туку со овој чин само ќе ги одолговлекуваат изборите , се’ до оној момент додека Ѓорѓе Иванов не прогласел Вондредна состојба, и доколку се јави потреба извршување на ликвидации од страна на платеници,кој нема да се од територијата на Р.М“.

Тука веќе станува збор за сериозни кривични дела, односно атентати и нарачани убиства. И сето тоа се припишува на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден новинарски текст треба да содржи информација, која е проверена од колку што е можно повеќе страни, за да се добие потврда за истата. На тој начин, на читателот му се дава една јасна слика за она за што се пишува во текстот. Но, тука тоа не е случај. Тука имаме информација од анонимен извор, но таа не е проверена и, според тоа, е неверодостојна.

Написот повеќе наликува на приказни за мали деца и тој има цел да шири паника во јавноста. За ефектот да биде поголем, придонесува и последниот пасус од текстот.

„Република Србија , веќе неколку дена врши прераспоредување на воено-полициски единици долж целата гранична линија со Македонија и Косово.на Македонските караули ,нема припадници на граничната полиција .Регионалниот центар Запад при МВР , има само времени дневни патроли на поедини места на граничната линија со Албанија , кој траат по неколку часа,граничната линија со Албанија е буквално тотално порозна долж целата линија на граничниот појас“.

Потврда нема ниту за ова, само слободно толкувања. Овој напис лесно може да заработи кривична пријава од посочените во него.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови