Текст кој наместо да информира, ја замајува јавноста
Објавено во Рецензии
on 14 - 10 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи]
Овој текст е класичен пример за спин. Се повикува на соопштението од владејачката партија и на анонимни извори и ја турка приказната дека СДСМ, наводно, сака да ги одложи изборите закажани за 11 декември 2016 година, што нема никаква врска со фактите.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи
Датум и време на објавување: 12.10.2016
Датум на рецензирање: 14.10.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
НИТУ ЗБОР ЗА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ
„Фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието предизвика паника во СДСМ. Најголемата опозициска партија исплашена од соочување со волјата на народот очајно бара начин да ги одложи изборите закажани за 11-ти декември“.
Уште на почетокот од текстот ударно се најавува тезата на написот, иако подолу нема никакви аргументи што одат во прилог на таквото тврдење. Имено, на читателот му се формира слика дека опозицискиот СДСМ бега од изборното соочување најавено за 11 декември. Но, во текстот не се спомнува дека најголемата опозициска партија до Собранието поднесе предлог за негово распуштање. Се пренесува само реакцијата на владејачката партија, која, пак, стигна откако СДСМ ја поднесе иницијативата.
„Барањето на СДСМ го прифаќаме и очекуваме дека овој пат Зоран Заев нема да се обидува да измислува причини за повторно да избега од избори. ВМРО ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17.00 часот, да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19.00 часот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ“.
Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ е наведено условување, дека пратениците од СДСМ мора да гарантираат изгласување на предлог-буџетот за 2017 година пред да се распушти Собранието. Но, тоа во написот не е нотирано како условување од страна на владејачката партија, туку како нешто што се подразбира.
МАНИПУЛАЦИЈА
Подолу во текстот, се манипулира дека опозицијата ќе направела сè за да го блокира изгласувањето на буџетот и на тој начин ќе ги одложела изборите.
„Ваквиот повик од ВМРО-ДПМНЕ предизвика паника во опозициските редови, која според информациите резултирала со свикување на итна координација на која се барало начин за ново одложување на изборите, а еден од нив било блокирање на Буџетот за 2017-та година“.
Ова, исто така, е невистина, бидејќи законски, опозицијата нема можност да го блокира донесувањето на буџетот. Според собранискиот деловник, бидејќи буџетот е поднесен по скратена постапка, пратениците имаат право на максимум пет дена дебата за него, односно од 17 октомври, кога е закажана пленарна седница, до 22 октомври. Дури и да се дебатира пет дена, би се запазил законскиот рок за распуштање на Собранието, кој е до 27 октомври, за да може да се одржат изборите на 11 декември.
Текстот, очигледно, е политички мотивиран и има цел да ја замајува јавноста, а не објективно да ја информира.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови