Текст кој алармира без голема врева
Објавено во Рецензии
on 23 - 02 - 2017 Автор: Љубомир Костовски
[Рецензија: Неуспешниот преврат во Црна Гора аларм и за Македонија]
Драматични настани што ги загрижуваат сите граѓани не се случуваат само во Македонија. Такви настани има и регионално, само што загледани во една точка или кон еден проблем, кон „дрвото“, стануваме дефокусирани за „шумата“, односно за оној сплет на односи, а понекогаш комплекси од релации кои дури како имаат врска со она што ни се случува или ќе ни се случи. Ова е текст кој покажува дека без пренасилена драматика и со релевантни извори може да се говори за некакви светски „планови“ на Балканот.
Линк до оригиналниот напис: Неуспешниот преврат во Црна Гора аларм и за Македонија
Датум и време на објавување: 20.02.2017, 17:50
Датум на рецензирање: 21.02.2017
Рецензент: Љубомир Костовски
ПРЕД МИНХЕНСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА
„Тврдењата на британски ’Телеграф’ дека истрагата на американските и британски експерти покажала дека зад обидот за државен удар во октомври лани во Црна Гора не стоеле само руски националисти туку и руски државни тела, т.е. официјална Москва, одекна како бомба во регионот. Иако изворот на оваа информација не е цитиран, јасно се наведува дека станува збор за висок функционер, најверојатно министер или претставник на некоја разузнавачка агенција, кој решил наодите од истрагата да ги сподели со јавноста пред Минхенската конференција, на која меѓу другите присуствуваше и државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон“.
Да појасниме дека кај нас немаше никакви подробни информации за 53. Минхенска безбедносна конференција, освен агенциската вест на почетокот на истата. Оваа конференција постои од 1963 година и служи за мирно решавање на проблемите. Текстот се повикува на релевантен извор (лондонски „Телеграф“) и го поставува прашањето „колку блиску до нас е амбицијата на Русија да се меша на ваков начин во внатрешните политички состојби на нашата држава, што било пресудно да се преземе, ако се потврди, ваков агресивен чекор кон Црна Гора и колку внатрешните состојби во нашата држава го дозволуваат тоа – ја повикуваат или ја демотивираат?“
На есенските избори во Подгорица, актуелното раководство изврши серија апсења под сомнеж дека имало актуелен обид за државен удар, зад кој, како што се пишува деновиве:
„стоеле српски националисти, предводени од двајца руски воени разузнавачи Едуард Шираков (Сисмаков) и Владимир Попов, кои престојувале во Србија и Црна Гора под лажни имиња. Повеќето од нив војувале во Украина, а едниот од руските разузнавачи претходно служел во амбасадата на Русија во Полска, од каде бил протеран поради своите активности“.
Во овој текст логично, ама мирно се изнесуваат последиците што би настанале онаму каде странскиот елемент би сакал да направи таков чекор. Со една фина нарација се предочува дека, ако се потврдат фактите кои ги изнесува британскиот печат (на тврдењата на „Телеграф“ се надоврзуваат и други медиуми), може да се покаже дека она што ја турка Москва во регионот не е одбрана на ничии поединечни интереси, туку создавање кризи заради свои цели.
Написот вклучува и други извори, пренесени се изјави од министерот за одбрана на Црна Гора и од специјалниот јавен обвинител во Подгорица, како и реакција од Москва.
Нема ништо наивно во она што цело време е присутно како поттекст на написот: проценката на Москва дека и во Подгорица и во Скопје (според последните анкети) постои дел од јавноста што има симпатии кон Путин!
Текстот е навремен и исцрпен извор на информации кои треба да нè алармираат.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови