Текст без новинарска диоптрија
Објавено во Рецензии
on 30 - 09 - 2016 Автор: Александар Писарев[Рецензија: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите]
Едно од најголемите прекршувања во известувањето за изборните процеси е непочитување на основните стандарди за објективно, непристрасно и точно информирање. Токму вакво, нагласено тенденциозно известување имаме во текстот што е предмет на рецензија. Во непотпишаниот напис во форма на коментар-анализа, нема аргументи што би ја докажале вистинитоста на она што се тврди, а „изјавите“ на експертите на кои се повикува ги нема никаде во текстот.
Линк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Заев ја демаскираа кампањата на СДСМ и СЈО за изборите
Датум и време на објавување: 27.09.2016, 18:12
Датум на рецензирање: 29.09.2016
Рецензент: Александар Писарев
„КОМПЕТЕНТЕН СУДИЈА“
Очигледна е тенденцијата да се засилат дискредитацијата, дисквалификациите и навредите кон СЈО, кои во слична, поблага или посилна форма се појавуваат и во други написи пласирани во медиумите наклонети на владејачката партија.
„Катица Јанева ќе испорачува празни политички конструкции кои ќе ги нарекува предмети, во секој од нив ќе бара изрекување на одредени мерки против лицата кои од СДСМ ги означиле како таргети, односно политички противници, а правната непоткрепеност на овие политички конструкции ќе биде повод за платениците на СДСМ/Сорос да вршат притисоци врз судот и да провоцираат инциденти кои би му овозможиле на Заев да избега од избори“.
Написот се става во улога на „компетентен судија“ кој ја оценува работата и професионалностa на СЈО и на обвинителката Катица Јанева и без докази да ги етикетира учесниците на протестите како платеници.
„Разоткривањето на непрофесионалното, пристрасноста и политизираноста на СЈО, кое се случува пред очите на целокупната јавност, очекувано резултира со засилен притисок од страна на СДСМ врз Катица Јанева таа да почне да испорачува резултати какви што Зоран Заев бараше од неа усте од почетокот“.
НАГЛАСЕНА НЕОБЈЕКТИВНОСТ
Текстот е полн со екстремно некритички, нагласено неаргументирани и напаѓачки конструкции кон еден политичар. Тој е пишуван без новинарска диоптрија и наликува на партиска објава.
„Целта на Заев и СДСМ е да се влезе во што е можно поцрна кампања каде граѓаните би биле пасивизирани, односно веќе не би можеле да дојдат до израз конструктивните политики и програмите со проекти кои се најсилното оружје на ВМРО ДПМНЕ“.
Изјавата на лидерот на опозицијата за употреба на албанскиот јазик, текстот ја става во контекст на негова дискередитација, а потоа, без да посочи конкретно истражување, паушално констатира дека Заев го „урнисал слабиот рејтинг на СДСМ“, со што сугестивно влијае на граѓаните, посочувајќи им за кого треба да го дадат својот глас на изборите. Тоа е во спротивност со принципите на етички исправното новинарство, кои сугерираат дека:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (член 14 Кодекс новинарите)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
национална дискриминација, политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови