Текст без никакви информации
Објавено во Рецензии
on 9 - 09 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт]
Текстот што е предмет на оваа рецензија е нецелосен, односно му недостигаат повеќе информации за читателот да има јасна претстава за настанот што се опишува.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Камерите го снимиле моментот кога малата Јана ја фати за рака жената која ја однесе во смрт
Датум и време на објавување: 08.09.2016
Датум на рецензирање: 09.09.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
Она што на прв поглед е нејасно е каде се одвива дејството на настанот. Единствено што може да послужи како некоја ориентација е тоа што текстот е ставен во рубрика „Регион“. Значи, не станува збор за настан во Македонија. Но, останува прашањето каде се случило тоа.
„Малата Јана остана без надзор од својата тетка на само неколку минути. А, тоа беше доволно за нејзиниот живот да заврши. Имено, надлежните ја објавија оваа фотографија на која се гледа како ова девојче ја држи оваа личност за рака која сега е обвинета дека ја киднапирала, удавила и го фрлила нејзиното тело“.
Написот очигледно зборува за убиство на некое девојче по име Јана. Но, нејасно е кога се случило убиството, каде, од каде е преземен текстот. Нема извори, нема ништо. Надлежните објавиле фотографија. Кои се тие надлежни? Нема ништо објаснето.
Текстот личи на прераскажана приказна, односно како некој да слушнал нешто за некое убиство и го прераскажал. Овој напис не може да се нарече новинарски, бидејќи ги нема основните елементи на еден новинарски производ. Нема локација, нема извори и информацијата е неверодостојна.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови