verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Тајна средба“ на јавно место и сред бел ден?!

on 11 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

 [Рецензија: КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА БЕСА: СДСМ крева раце од формирање на Влада, заедно со радикалите од Беса спремаат насилни протести!]

 

Една средба е доволна да се изнесат куп манипулации, да се испревртат фактите и да се добие реалност далеку од фактичката. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и раководството на движењето Беса одржале средба за која медиумот тврди дека била тајна. Доколку средбата навистина била тајна, тогаш како има неколку новинарски екипи на местото каде што се одржувала и зошто ако средбата е толку тајна, таа би се одржала во партиското седиште на Беса, кое се наоѓа на многу јавно место во трговскиот центар „Мавровка“?!

infomaxЛинк до оригиналниот напис: КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА БЕСА: СДСМ крева раце од формирање на Влада, заедно со радикалите од Беса спремаат насилни протести!

Датум и време на објавување: 06.01.2017

Датум на рецензирање: 10.01.2015

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

ТЕЛЕВИЗИСКИ КАМЕРИ И „ТАЈНИ РАЗГОВОРИ“!

„Денес нема соопштение од СДСМ ниту од Беса за тоа што се разговарало на тајната средба на која што покрај Зоран Заев, од СДСМ присуствувал и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски. И покрај обидите да се сокријат од јавноста, не успеаја да се сокријат од камерите кои ги уловија двајцата во ТЦ Мавровкa“.

Можеби немало официјални партиски соопштенија за средбата, но во овој напис не е направен обид да се контактираат партиите и да се дознае за што, всушност, се разговарало на средбата. Не само што не е побаран официјален партиски став, туку медиумот без докази шпекулира дека разговарале за „федерализирање на Македонија преку промена на Уставот, а со помош на албанската дијаспора и Владата во Тирана“.

Иако, овој медиум целиот текст го базира на немање официјално соопштение за средбата, друг медиум се обидел од партиите да дознае за што станува збор.

„Заев не сакаше да каже детали од средбата , само кусо рече дека е нормална и обична средба. Од СДСМ за 24 Вести велат дека тоа е нормална средба меѓу лидери на две партии особено во ваков период во кој претстои формирање на влада.
На ист став и од БЕСА – нормална постизборба средба , во пресрет на евентуални комбинаторики за ново мнозинство. Средбата доаѓа кога наголемо се прават партсики комбинаторики и калкулации кој прв ќе стигне до потребните 61 глас за да формира нова Влада“.

 

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Подолу написот без никаква поткрепа констатира дека поради оваа средба, „Заев му зарил нож во грб на ДУИ и Али Ахмети“, а не е познато како е извлечена оваа констатација.

Освен тоа се тврди дека текст објавен на друг медиум (непознато за кој текст станува збор), наводно, најавил дека СДСМ ќе ги крене рацете од формирањето влада и дека заедно со Беса ќе се организираат насилни протести.

Ова е сосема неточно и за ваква констатација нема потврда од ниту една инволвирана страна. Со ова текстот само намерно ги манипулира читателите и се обидува да ја изврти нивната перцепција.

Овој текст не ги почитува етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите пропишани во Кодексот на новинарите, каде што се вели дека новинарите треба да бидат чесни, објективни и точни.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови