Archives

АПЦ: Македонската влада презема чекори за ограничување на слободата на говорот на интернет и зголемување на државната контрола врз медиумите

на 5. 07. 2013 | |
Македонија е една од многуте земји во кои граѓаните се борат за демократија и против мерките за контрола на медиумите и ограничување на слободата на изразување и пристап до информации на (и надвор од) интернет. Најнова мерка е предложениот Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги со кој ќе се бара сите медиуми – и печатени и на интернет, да се филтрираат преку централизирана владина агенција со што всушност ќе и се овозможи на владата законски да филтрира и да цензурира содржини. На 8-ми април 2013 година, македонскиот министер за информатичко општество и администрација ја претстави нацрт-верзијата на законот и најави 60-дневен период за јавни консултации, кој формално би завршил на 8-ми јуни. За време на развивањето на оваа прва