Archives

АПЦ: Македонската влада презема чекори за ограничување на слободата на говорот на интернет и зголемување на државната контрола врз медиумите

на 5. 07. 2013 | |
Македонија е една од многуте земји во кои граѓаните се борат за демократија и против мерките за контрола на медиумите и ограничување на слободата на изразување и пристап до информации на (и надвор од) интернет. Најнова мерка е предложениот Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги со кој ќе се бара сите медиуми – и печатени и на интернет, да се филтрираат преку централизирана владина агенција со што всушност ќе и се овозможи на владата законски да филтрира и да цензурира содржини. На 8-ми април 2013 година, македонскиот министер за информатичко општество и администрација ја претстави нацрт-верзијата на законот и најави 60-дневен период за јавни консултации, кој формално би завршил на 8-ми јуни. За време на развивањето на оваа прва

ЕДРИ: Нов закон со кој се загрозува слободата на изразување во Македонија

на 5. 07. 2013 | |
Новиот македонски закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги создава сериозни ризици за слободата на изразување во Македонија. Со новиот закон се проширува делокругот на државната контрола од електронските медиуми (што е оправдано бидејќи тие користат ограничен јавен ресурс, имено безжичниот спектар) на сите видови медиуми, вклучувајќи ги и печатените и медиумите на интернет. Ова е неоправдано и непотребно и во голема мера ги надминува условите на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги 2010/13/ЕУ. Понатаму, премногу широките дефиниции (на пример, концептот новинари) и нејасни формулации создаваат ризик и можност за произволни толкувања од страна на државните регулатори, со што би се зголемил ризикот од поткопување на слободата на изразување. Подготовката на законот се одвиваше без ефективни консултации со релевантните