Светоста на Мајка Тереза не треба да се чепка!
Објавено во Рецензии
on 14 - 09 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос со текстови против Мајка Тереза]
Текстот кој е предмет на оваа анализа критикува и обвинува друг медиум дека не ја почитува светоста на Мајка Тереза, а притоа е објавен во категоријата „Вести“. Освен што неосновано критикува, текстот манипулативно генерализира, а притоа и обвинува без докази.
Линк до оригиналниот напис: Медиумите под контрола на СДСМ и Сорос со текстови против Мајка Тереза
Датум и време на објавување: 04.09.2016, 12:44
Датум на рецензирање: 09.09.2016
Рецензент: Симона Атанасова
НАПАД ЗА ПРЕНЕСЕН ТЕКСТ
Написот го критикува текстот објавен на порталот „Нова“, кој, притоа, не е авторски текст, туку е преземен од „Си-ен-ен“. Иако тоа е еднаш напоменато на почетокот од текстот, сепак подолу во целиот текст, медиумот се критикува како текстот да е производ на редакцијата.
„За СДСМ и нивните медиуми финансирани од СОРОС нема ништо свето. Додека денес светот го слави прогласувањето на светица на Мајка Тереза, новинарите блиски до Заев и опозициското раководство го негираат значењето и делото на најпознатата и најхумана скопјанка. Додека светот денес се поклонува пред делото на Мајка Тереза, медиумите на СДСМ/Сорос тераат политика, негирајќи дека таа треба да се прогласи за светица“.
Иако текстот генерализира и тврди дека медиумите пишувале текстови против Мајка Тереза, всушност, станува збор за еден медиум, кој притоа пренел текст од „Си-ен-ен“, а не станува збор за авторски текст или став на редакцијата.
Во написот што го рецензираме употребени се само деловите од текстот што ја критикуваат Мајка Тереза, за да се претстави медиумот што го објавил текстот како едностран. Но, во оригиналниот текст има и дел кој ја застапува и другата страна.
„Е сега, спротивни на неговите тврдења се оние на Чандра Чакраборти, волонтерка во Нирмал Храјдеј пред Гонзалес да биде таму. Таа работела во болницата неколку години.
– Сите овие тврдења се глупости. Ваквите критики се измислени лаги. Луѓето таму доаѓаат во претсмртна состојба. Повеќето од нив откриваат нов живот. Како тие би му дале нов живот на човек кој умира ако не се грижеле за него, потенцира таа“.
НЕОСНОВАН НАПАД КОН ПОВЕЌЕ МЕДИУМИ
Напишаното неосновано, без докази и факти, тврди дека станува збор за медиуми под контрола на СДСМ и на Сорос. Ова обвинување е само така нафрлано, без притоа да се образложи зошто е даден таков коментаторски заклучок ниту, пак, да му се даде каква било потврда на читателот за ваквото претерано смело тврдење. Вака напишано, ова обвинување е неиздржано и ја дезинформира јавноста, притоа упорно создавајќи лоша слика за медиумот што го критикува.
Се чини дека написот конструиран на овој начин има цел само да му наштети на медиумот кој силно го критикува, да го омаловажи пред читателската публика и да го деградира.
Новинарот никогаш не треба да тера лични хајки или хајки против колеги и други медиуми кога за тоа нема цврсти докази. Тоа го предвидува и член 16 од Кодексот на новинари.
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови

