Структурата на веста е исто толку важна колку и информациите
Објавено во Рецензии
on 2 - 11 - 2015 Автор: Ferikan Iljazi
[Рецензија: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?!]
Кога новинарот пишува една вест, треба да направи јасно разграничување кој е неговиот дел, а каде почнува ставот на аналитичарот кој е контактиран. Авторот на текстот што го рецензираме не направил јасно разграничување каде почнува, а каде завршува неговото мислење, бидејќи во вториот пасус на крајот пишува дека ова е оцена на економскиот аналитичар, Исен Ибраими, меѓутоа не кажува точно каде почнува таа оцена.
Линк до оригиналниот напис: Груевски повеќе го слуша Тадиќ, отколку амбасадорот Бејли. Половина народ ќе се крене на нога?!
Датум и време на објавување: 22/10/2015
Датум на рецзензија: 23/10/2015
Рецензент: Ферикан Илјази
Насловот не ја отсликува содржината на текстот, туку е коментар на новинарот. Написот почнува со критики и со обвиненија кон премиерот Никола Груевски и кон Европската унија. Читателот добива впечаток дека чита вест, но многу подоцна сфаќа дека, всушност, го чита мислењето на економскиот аналитичар, Исен Ибраими.
„Европската Унија во текот на последните 9 години ја финансира владата на премиерот Никола Груевски, кој што реализира моноетнички и монорелигиски проекти во Македонија. 80 отсто од Македонците зеле кредит. Само 2 месеци да нема плати во Македонија цел народ ќе излезе на улица затоа што би се активизирале хипотеките на комерцијалните банки. Проектот со вредност од над 300 милиони евра „Скопје 2014„, партизацијата на администрацијата, полицијата, армијата, судовите, обвинителствата, здравството, културата, градењето на црквата на Скопското кале, манипулациите со пензионерите, студентите, субвенциите за земјоделците се само неколку од проектите на ВМРО-ДПМНЕ водени од премиерот, Никола Груевски, кои што воглавно се финансирани од официјален Брисел, оценува за Журнал, економскиот аналитичар, Исен Ибраими.“
Понатаму, авторот ја става во наводници изјавата на аналитичарот, така како што би требало да биде од почеток, но почетокот на текстот го збунува читателот.
Новинарот треба да го направи текстот едноставен и треба да направи јасни разграничувања, а не да дозволи читателите да се мачат за да го разберат. Тој, исто така, треба да биде јасен, краток и едноставен за да се избегнат реакциите или забелешките на јавноста.
Структурата на една вест е исто толку важна колку што се и самите информации што ги содржи истата. Текст без структура создава забуна и прави веста да биде разбрана погрешно.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови
