verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Стопати повторена лага се „продава“ како вистина

on 2 - 03 - 2016       

ФОТО_ СДСМ и СОРОС против изградба на_ - http___kurir.mk_makedonija_politik 11

[Рецензија:ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел]

 

Написот не се занимава со вистинската тема што произлегува од настанот, кој може да се толкува и како провокација во населбата Бутел да се предизвика сегрегација по верска основа, туку тенденциозно анализира две издвоени реакции на двајца новинари на социјалните мрежи, кои имат спротивно мислење од заговорниците на изградбата на крст во населбата Бутел во Скопје. Правена во тој дух, оваа објава ги етикетира и ги дискредитира „избарните“ личности, само поради тоа што не го делат гледиштето дека етничкиот простор треба да се обележува со верски симболи.

ФОТО_ СДСМ и СОРОС против изградба на_ - http___kurir.mk_makedonija_politikЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел

Датум и време на објавување: 27.02.2016, 18:33

Датум на рецензирање: 01.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ЕЛЕВАТОР ЗА ВЛАДИНИТЕ ПОЛИТИКИ

Како од некој елеватор – бесконечна лента преку која се транспортира и дистрибуира секогаш ист матерјал против исти личности – од текстот излегуват стереотипните констатации  за лица чии ставови не се на иста линија со политичкиот естаблишмент и со тие што ја подржуват власта.

„За соросовите медиуми кои важат за мегафони на СДСМ, поставувањето на крстот ќе предизвика војна, како што пишува Бранко Героски, односно крстот ќе го ставел на коцка соживотот на граѓаните.


Рамо до рамо со Героски и СДСМ очекувано застана и Мухамед Зекири кој дури и се обиде да ги одврати граѓаните од присуството на свеченоста заплашувајќи ги со некакви „команданти кои ги чекале“.“

Со ниеден факт, изјава, повикување на извор, анкета… не се потврдува генералната констатација изнесена во текстот, дека целиот СДСМ и Фондацијата „Отворено општество“ (ФООМ) се против изградба на крстот во Бутел. Од содржината не може да се дознае дали се пршани ракводството на СДСМ и на „Сорос“,  дали се „за“ или „против“ изградбата на крстот во Бутел, и врз основа на што е изведен заклучокот што е нотиран и во насловот:

„ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел.“

Во домашниот амбинет во кој тешко се открива сопственичката структура на медиумите, написот категорично тврди дека „СДСМ и Сорос“ се сопственици на медиумите кои се спротиставуват на сите владини политики:

„Поставувањето на камен-темелникот за новиот крст во општина Бутел ги активираше редакциите на СДСМ и Сорос кои жолчно застанаа против изградба на христијанскиот симбол кој е донација на Светскиот Македонски Конгрес.“

Фактички, се работи за непрекинато повторување на една те иста лага, со намера таа да стане вистина.

 

ПЕСОК В ОЧИ

Заслепен од желбата да ги дисквалификува двајцата новинари и да ги сатанизира опозицијата и ФООМ, написот како да има „песок в очи“. Тој, како да не сака да прифати дека и многу други прилози на оваа тема (вклучително и оние објавени на медиуми кои вообичаено ги бранат владините политики), предупредиле и идентично оцениле дека поставувањето на крстот во Бутел е настан со голем ризик и ги нарушува меѓуетничките односи.

Ова се само некои од насловите во кои се наведува „дека во Бутел има силно полициско обезбедување и дека ситуацијата тешко се контролира и на крај завршува со тепачка“:

Не се потребни апсолутно никакви дополнителни објаснувања дека станува збор за уште еден наменски правен пропагандистички текст, во кој упорно се повторуваат нападите кон одредени личности и институции, за да им се уништи кредибилитет и стопати повторената лага да стане вистина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови