ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска
Објавено во Актуелности
on 27 - 04 - 2016 Автор: Administrator27 април 2016
ССНМ најостро го осудува текстот на Мирка Велиновска во кој се врши медиумски линч врз припадници на левичарското движење Солидарност и врз членови на партијата Левица, наши соборци во Повелбата за солидарност за заштита на работничките права.
Како Синдикат на новинари, ССНМ е дополнително провоциран да реагира на содржината, која претставува повеќе безбедносно-разузнавачки текст, напишан во духот на „најдобрата“ традиција на хушкашкото творештво, кое, за жал, и кај нас се подведува под терминот новинарство, иако тоа воопшто не е.
Наша должност е да укажеме оти не станува збор за производ на професијата на која ѝ припаѓаме и изразуваме длабока и непоколеблива солидарност со жртвите на овој текст, од кој, како професионалци, решително се оградуваме и го осудуваме.
Извор: ССНМ