ССНМ ги повикува новинарската бранша и граѓаните на марш во чест на „Шарли ебдо“
Објавено во Актуелности
on 11 - 01 - 2015 Автор: AdministratorСамостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) в недела, на 11 јануари 2015 година, во Паркот на новинарите во Скопје (спроти зградата на некогашната НИП „Нова Македонија“) во 15 часот, организира собир во чест на убиените новинари и на другите жртви во Париз.
Собирот е инициран од повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари и на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно в недела, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во Париз во просториите на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“.
ССНМ се придружува на повикот и ја повикува новинарската банша и граѓаните да дојдат во Паркот на новинарите, каде ќе можат да остават пораки со поддршка до колегите од Франција и од каде заедно ќе маршираме до Амбасадата на Реублика Франција во Скопје. Со симболично оставање моливи, да ја покажеме сплотеноста на професијата и на граѓаните во одбрана на правото на слобода и на пркос без кои новинарството не е можно.
Извор: Објава на фејсбук-страницата на ССНМ. (10.01.2015)