Срамна и недолична објава
Објавено во Рецензии
on 19 - 04 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: ГНАСНА БЕСРАМНА К…А!!! КАКО НЕ ТИ Е СРАМ БРЕ ПРОФЕСОРКА СИ П…А ЛИ ТИ М….А!!!]
Оваа медиумска содржина врамена со навредлив наслов, натежнува од погрдни зборови и зрачи со нетрпеливост, па и омраза кон професорката Виолета Ачковска. Новинарот може да не се согласува со нечии ставови, но тоа не му дава право да дискредитира и да омаловажува. Тоа е прецизирано во преамбулата и во неколку членови на новинарскиот Кодекс:
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите…, се вели во преамбулата.
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…), стои во членот 10 од Кодексот.
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста, гласи членот 15 од Кодексот.
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности…, посочува членот 16 од Кодексот.
Датум и време на објавување: 17.04.2016
Датум на рецензија: 19.04.2016
Рецензент: Силвана Жежова
ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА НЕВКУС
Оваа објава се повикува на коментар на професораката Ачковска на „Фејсбук“ и потоа истура грст навреди на нејзина адреса. Ваквиот начин на пишување и на пласирање на информациите се коси со принципите утврдени во Кодексот на новинарите и во Прирачникот за етиката во новинарството . Па, наспроти стандардите на етички исправното новинарство кои подразбираат дека „јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е, или се граничи со говорот на омраза“, содржината пред нас им се обраќа на читателите со еден исклучително недоличен тон:
„Гледајте што лупета оваа гнасна калаштура, членката на ГДОМ, професорката на УКИМ, институт по историја, Виолета Ачковска…“
Метријалот е полн со изрази кои во себе носат шовинистички и сексистички изрази, што е во спротивност со препораките искажани во Прирачникот за етика во новинарството, каде недвосмислено се укажува дека секогаш треба да се избегнуваат фрази кои во себе носат шовинистички, сексистички или какви било други дискриминаторски конотации.
„Па 10 години се на власт што не отворија процеси против приватизацијата?! Како тоа ќе се одговарало по избори, а пред избори нели важат законите?! Врховен командант и он се знае ние треба да му се покориме?! Како бре не ти е срам К…О ЕДНА БЕСРАМНА?!?! КАКО?! ПРОФЕСОРКА СИ БРЕ ИЛИ К…А КАМЕЊАРКА?!?!“
Објавата што ја рецензираме, фактички нема содржина. Таа се состои од фејсбук-статус и од четири реда напишани со навредлив, приземен речник, кој е олицетворение на невкус. Видливо е дека намерно е употребен таков речник со елементи на дискриминација и говор на омраза. А таквиот начин на изразување и на комуникација со јавноста, се разбира, не е новинарство!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
полова дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови