Спинување со „искасапени“ изјави
Објавено во Рецензии
on 4 - 01 - 2017 Автор: Александар Пешев[Рецензија: Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот]
Непрофесионален напис кој се базира на неиздржани тврдења и на коментари, а главниот напад кон прозваните еколози се базира на „искасапени“ сегменти од една емисија емитувана на друг медиум. И наместо на забелешките на еколозите изнесени во делови од преземената емисија да се понудат реакции – изјави од компетентни соговорници, се изнесуваат тенденциозни коментаторски реплики, при што клучниот „аргумент“ е дека прозваните еколози не се од Охрид!
Линк до оригиналниот напис: Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот
Датум и време на објавување: 27.12.2016
Датум на рецензирање: 03.01.2017
Рецензент:Александар Пешев
ЕДНОСТРАНОСТ И ПРИСТРСНОСТ
На самиот почеток на текстот се нижат тврдења за кои нема аргументи или барем линкови што би го потврдиле кажаното:
„Во година кога Охрид остварува раст во туризмот кој не се памети со децении, година кога градот се промовира како бисер од светска каласа на над 200 странски медиуми со светско реноме, во година кога градот авионски се поврза со рекорден број светски метрополи, а аеродромот оствари рекорден број на прием на патници, во време кога знаеме дека сезоната ни трае најмалку 6 месеци, а туристи во Охрид имаме цела година, екологистите вчера на една телевизија имаа бисерен настап со серијал тврдења кои во еден дел се невистинити , во друг дел контрадикторини сами со себе, а во третиот се навредливи за сите кои живеат во Охрид“.
Ваквите паушални наводи се вовед во еднострано известување и создаваат сомнежи за пристрасност. Нејасно е, на пример :
- Како е утврдено дека годинава Охрид остварува раст во туризмот кој не се памети?
- Кои се барем некои од посочените 200 странски медиуми во кои градот е промовиран како бисер од светска класа? (барем еден линк од медиум кој дал ваков опис за Охрид)
- Со кои светски метрополи се поврза Охрид и колкав е бројот на патници во споредба со претходните години?
ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ
Наместо издржани докази или линкови до информации што би ги поткрепиле изнесените тврдења, се изнесуваат серија парафрази без ниту еден конкретен цитат од изјавите на посочените личности. Професионалниот новинарски пристап подразбира дека кога во еден телевизиски прилог се употребуваат сегменти од изјави на соговорници, треба да се даде и контекстот на изјавите преку текстот кој се чита пред и по тонското парче (т.н. офтон). Но, за жал во оваа објава имаме искасапени изјави, при што е направена селекција само на тие делови од целата емисија што одат во прилог на тврдењето во тенденциозниот наслов: „Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот“. Ваквото спинување на видеоматеријалот е неприфатливо во професионалното известување.
Тоа што по искажаните тврдења, пак, се нуди линк до целата емисија, сепак не го оправдува „касапењето“ на изјавите на еколозите кои со насловот и со коментарите се веќе дискредитирани.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови