verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинувана изјава на Јанева

on 16 - 12 - 2016       

zurnal

[Рецензија: КАТИЦА СО НОВО КРИВИЧНО ДЕЛО: Го прекрши предизборниот молк, агитирајќи за нејзината партија!]

 

Написот изнесува неточни информации и целосно ја вади од контекст изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а сè со цел да ја прикаже пристрасна и политички обоена. Уште самиот наслов е наведувачки, тој ја претставува Јанева како партиска личност која е директно засеганата од изборите.

katica-so-novo-krivichno-delo-go-prekrshi-predizborniot-molk-agitirajkji-za-nejzinata-partija-zurnal-netЛинк до оригиналниот напис: КАТИЦА СО НОВО КРИВИЧНО ДЕЛО: Го прекрши предизборниот молк, агитирајќи за нејзината партија!

Датум и време на објавување: 11.12. 2016

Датум на рецензирање: 13.12.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ИЗВАДЕНО ОД КОНТЕКСТ

Во главата на веста се тврди:

„Првиот човек на СЈО Катица Јанева денес по исполнувањето на нејзиното гласачко право реши да го прекрши изборниот молк и да направи ново кривично дело, наведувајќи кон програмата на една политичка партија“.

Со употребата на зборот „ново“ се алудира на тоа дека Јанева веќе има сторено и други кривични дела. Кривичните дела се казниви со закон и за нив се поведува судска постапка, а против Јанева досега, според информациите достапни во јавноста, не се води таков процес.

Во написот што го рецензираме има видеоматеријал, но не е транскрибирана изјавата на Јанева, со што се остава простор за манипулирање и за спинување дека специјалната обвинителка го прекршила Изборниот законик.  Согласно овој закон, 24 часа пред изборите и на самиот ден на изборите, медиумите не смеат да емитуваат политички изјави и да презентираат партиски активности, а политичарите, носителите на функции, јавните личности, но и партиските членови и граѓаните не смеат да агитираат кај други лица и да сугерираат за кого треба да гласаат. Затоа е важно во текстот да има и запис од изјавата Јанева, за да може читателот веднаш да види што таа точно кажала. А еве што изјави тогаш Јанева:

„Верувам дека иднината на Македонија е во рацете на граѓаните на Република Македонија и верувам дека пратениците кои ќе бидат нови членови на Собранието ќе ја сфатат неопходноста за продолжување на мандатот на СЈО и дека неговата работа треба да продолжи, за доброто на сите граѓани на Република Македонија“, изјави Јанева.

На прашањето дали очекува поддршка кој било да дојде на власт, Јанева вели: „Апсолутно, да, како и досега што имам поддршка, без разлика што некои изјави не одат во контекст на нашата работа, но сметам дека тоа е само шпекулација“.

Од нејзиниот исказ јасно се гледа дека Јанева во ниту еден момент не алудира на политичка партија, што значи дека нема кршење на Законот (како што се тврди во написот).

Текстот се коси со професионалните стандарди, според кои новинарот треба да објавува точни, проверени информации, да не прикрива суштински податоци и да не фалсификува документи (член 1 од  Кодексот на новинарите). Исто така, Кодексот сугерира „известувањето од политичките процеси, особено од изборите да биде непристрасно и балансирано“, а новинарот да обезбеди и „професионална дистанца од политичките субјекти“ (член 14).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови