Спин затеран уште од насловот
Објавено во Рецензии
on 30 - 09 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука]
Еден текст мора да биде целосен и точен! Тоа е основно правило на новинарството, кое во овој текст е прекршено. Еве, во што: Кога се зборува за еден човек или кога тој зборува, а не истакнува дека ставот е од името на институцијата во која работи, станува збор за негов личен став. А овој напис ги меша личниот со ставот на една институција.
Линк до оригиналниот напис: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука
Датум и време на објавување: 28.09.2016, 15:06
Датум на рецензирање: 30.09.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
Ако се прочита само насловот, се претпоставува дека се работи за некое соопштение или изјава од портпарол, кој го пренел ставот на Советот на јавни обвинители. Но, кога ќе се почне да се чита текстот, се гледа дека не е така, туку дека се работи за изјава на само еден обвинител.
Текстот продолжува во истиот манир од насловот, тврдејќи уште на почетокот:
„Обвинителите пак сметаат дека Јанева е крајно непрофесионална, не си ги извршува своите обврски, не сака да одговара на прашања и не го почитува Советот“.
И тука важи кажаното за насловот. Се добива впечаток како сите обвинители да го мислат тоа, но вистината е поинаква – се работи за изјава на само еден обвинител.
Остатокот од текстот е коректен, пренесени се дел од изјавите на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и на еден од обвинителите.
Како и да е, ова е нецелосен и невистинит текст. Особено насловот. Тоа е огромна грешка за еден текст, затоа што насловот е битен момент од новинарскиот производ. Тој е сублимат на тоа што го пишува во текстот.
Во случајов не изгледа многу веројатно дека станува збор за грешка – повеќе личи дека се работи за намера.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови