Сокривањето на лошите работи не е информирање, туку дезинформирање
Објавено во Рецензии
on 17 - 01 - 2017 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Скопје не потклекна пред поларната зима – екипите постојано на терен]
Претенциозен наслов што ја отсликува основната намера – да се претстави една состојба низ, еве, најблаго кажано, розови очила. Поточно, се пренесуваат само оние информации за ситуацијата во главниот град кои се позитивни, а притоа се изземаат другите, лоши вести. Селективно, нема што!
Линк до оригиналниот напис: Скопје не потклекна пред поларната зима – екипите постојано на терен
Датум и време на објавување: 12.01.2017 12:05
Датум на рецензирање: 16.01.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СЕЛЕКТИВНОСТ ШТО БОДЕ ОЧИ
Нема да кажеме дека текстот е невистинит, зашто во него се наведени ситуации поткрепени со изјави или ставови на одредени јавни претпријатија. Но, она што „боде очи“ е што се презентираат само одредени и тоа позитивни елементи од „поларната зима“ во Скопје. Не велиме дека надлежните екипи не работеле, дека не биле на терен, ама сепак не може да се замижува пред реалноста, која баш и не кореспондира со тврдењето дека
„Скопје не потклекнало пред поларната зима…“
За да бидеме коректни, само ќе наведеме неколку написи што зборуваат за поинакви ситуации поврзани со екстремно студената седмица во главниот град од оние што ни се пласираат во текстот.
„Триесетина скопјани секој ден кршат раце и нозе по смрзнатите улици. Министерството за здравсво побарало од болниците да му праќаат извештаи за овие пациенти, но сепак не дава вкупна бројка на повредени. Во текот на вчерашниот ден во специјалната хируршка болница „Св. Наум Охридски“ биле примени 28 пациенти кои се здобиле со повреди откако паднале поради снегот и мразот“. (Плусинфо, 12.01.2017)
„Нерасчистени тротоари, зголемен број на скршеници, нарушени граѓански права – непочитувањето на Законот за јавна чистота е реалност низ улиците. Замрзнати улици, тротоари, паркиралишта, велосипедски патеки – ова е сликата со која се соочуваат граѓаните по снежните врнежи што ја зафатија земјата. Поради нерасчистениот снег и замрзнатите тротоари голем е бројот на граѓани кои се здобија со скршеници“. (Академик, 09.01.2017)
„105 скопјани повредени од уметничкото лизгање по улиците, никој не ги чисти тротоарите“ (Фокус, 09.01.2017)
„Во услови на поларни температури, вчера половина Скопје остана без парно греење. Попладне беше прекината испораката на топлинска енергија во централното градско подрачје и во делови од Карпош, поради голема загуба на вода во дел од мрежата. И додека екипите на дистрибуција со топлина “Балкан енерџи” се обидуваа на терен да го санираат дефектот, скопјани бараа начин да се стоплат во студените домови. Веќе три часа немаме парно, и станот веќе е оладен. Ако не добиеме парно до вечер, јас не знам како ќе ја поминеме ноќта кога надвор ќе биде -15. Тогаш не помагаат ни ќебиња ни јоргани. Немаме друг начин да го згрееме станот. Климата не функционира на олку студено време”, се пожали жител на улица Ленинова“. (Вест, 13.01.2017)
„Ниските температури го “замрзнаа” студентскиот дом во Центар“ (Бриф, 15.01.2017)
Конечна оценка – селективност во рецензираниот текст во огромна доза!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови