Содржината го демантира насловот
Објавено во Рецензии
on 2 - 11 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!]
Надвор од сите професионални норми е во еден новинарски продукт да не се потврди насловот на даден текст. Откако читателот ќе го види насловот, го чита текстот за да ги види аргументите на тоа што е најавено во насловната конструкција. Текстот што го рецензираме се обидува преку насловот да ја дефокусира јавноста.
Линк до оригиналниот напис: Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!
Датум и време на објавување: 13.10.2015
Датум на рецензија: 27.10.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Tекстот се однесува на политичката дебата водена во емисијата „200“, но авторот не го навел тоа.
Новинарскиот продукт почнува за насловот „Движењето Беса се подготвува да биде опозиција?!“ Од друга страна, во текстот, изворот, Африм Гаши од Беса, потврдува дека тие не се подготвуваат да бидат опозиција, туку да победат на изборите.
„Не, ние сме подготвени да победиме на изборите, дури и да излеземе со заедничка листа за изборите„, изјавил Гаши. Дури, според Гаши, бројот на гласови или пратеници нема да претставува сила во наредниот состав на Собранието! „Беса е регистрирана пред вас, (му реплицира на Таравари), освен реизбор нема право на повеќе од еден мандат… Ова ние ќе го имплементираме во функции. Не е во ред еден човек да остане засекогаш на една функција, тоа те троши. Имаме многу добри луѓе, значи една нова генерација каде што се почитува знаењето, професионалноста…“, рекол Гаши.
На овој начин, забележуваме дека содржината на текстот го демантира насловот. А, би требало текстот да го аргументира насловот.
Овој текст, исто така, нема структура. Новинарот почнува со содржината без да направи еден вовед за да го претстави тоа што ќе го обработи понатаму. Авторот не ја следи структурата на превртена пирамида и не објаснува кога преминува од едно прашање во друго. Недостига и дополнителна информација, каде што новинарот би ги претставил досегашните ставови на албанската опозиција околу можното обединување.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови
