verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со непрофесионалност новинарството станува кошмар

on 22 - 01 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

1

     

Напис: Остварен сонот на Албанците, премиер на Македонија е Албанец

 

Сонот на Албанците стана реалност. Македонија сега има премиер Албанец. Со оставката на поранешниот премиер Никола Груевски, де факто заменик премиерот на Македонија, Муса Џафери, станува премиер до именувањето на новиот премиер кој се очекува да биде именуван од редовите на ВМРО, генералниот секретар Емил Димитриев, известува „Тетова сот“.

 

И политичкиот аналитичар Џелал Незири рекол дека оставката на Груевски де факто подразбира дека Муса Џафери е премиер на Македонија?! „Ако Груевски дал оставка, дали сега де факто се подразбира дека Муса Џафери е премиер на Македонија?!“ пишува Незири.

 

Инаку вечерва премиерот Никола Груевски даде оставка, велејќи дека утре ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието, Трајко Велјановски преку еден допис. /Тетова сот/

 

 

[Рецензија: „Остварен сонот на Албанците, премиер на Македонија е Албанец”]

Тешкотијата на новинарската работа се состои во тоа што независно од тоа што новинарот лично мисли или чувствува, тој треба да известува ладнокрвно и да се дистанцира од своите убедувања.

UntitledЛинк до оригиналниот напис: Остварен сонот на албанците, премиер на Македонија е албанец

Датум и време на објавување: 14.01.2016

Датум на рецензирање: 18.01.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Најевидентниот проблем во пишувањето вести и во известувањето е нијансата на коментирањето и субјективноста што им се дава на вестите. Овој проблем продолжува да биде присутен меѓу нашите информативни веб-страници, а и не само кај нив. Текстот земен како примерок е вистински пример за овој феномен. Тој е склон да ја пренесе инсинуацијата на новинарот кој можеби бил емотивен во моментот кога го напишал овој текст. Во секој случај, еден посветен новинар знае да се контролира себеси и тогаш кога однатре му зборува гласот на страста.

Еве неколку елементи што зборуваат за некоректноста на овој текст во однос на професионалните стандарди на пишување на вести:

Почнува со погрешна констатација кога вели дека „Сонот на Албанците стана реалност. Сега Македонија има премиер Албанец“. Ова не го рекол никој досега, едноставно е производ на шпекулацијата што може да кружи во јавноста, но ова не треба да влијае во избледувањето на точноста на веста.

Ова и законски не е точно. Бидејќи во моментот кога се повлекува премиерот, паѓа целата влада. Значи сите министри поднеле оставка. Во ниеден закон не е предвидено дека кога премиерот поднесува оставка, неговите задачи ги презема неговиот заменик. И кога имаме влада што поднела оставка, таа продолжува да ги врши задачите до избирањето нова влада.

Ако новинарот не ги знаел овие работи, требало да праша правни експерти.

Во меѓувреме, реченицата во која се зборува за поднесувањето оставка од страна на премиерот Груевски изгледа како да е точна, но не е. Реченицата гласи: „Вечерва премиерот Никола Груевски поднесе оставка велејќи дека утре ќе ја достави својата оставка до претседателот на Собранието…“, каде што има контрадикторност помеѓу „поднесе оставка“ и „ќе ја достави оставката“.

Мандатот на премиерот се смета дека завршува кога тоа ќе го одобри Собранието, институцијата што ја гласа оваа позиција.

Во етичкиот Кодекс на новинарите на Македонија пишува:

„Новинарите имаат право да имаат свои мислења, ставови и оценувања, но не смеат да ги камуфлираат нивните мислења како да се факти“.

Се знае дека во новинарството се работи крајно динамично, но временскиот притисок и обидот да се биде кохерентен со последната вест, не треба да влијае на тоа да има непрофесионализам.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови