Со леснотија истурени непоткрепени обвинувања
Објавено во Рецензии
on 22 - 11 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ДЕМОЛИРАЊЕТО НА ШТАБОТ ПО НАРАЧКА НА ЗАЕВ: Пораката која му ја испратија кавадарчани причина за демолирање на штабот?]
Чиста шпекулација. Ај што е шпекулација „тешкаш“, туку има и сериозни обвинувања испорачани на сметка на опозицијата. Ако нотираме шпекулација, јасно е дека вистинитоста на овој материјал е крајно проблематична. Врз основа на една информација за искршени прозорци на штабот на владејачката партија во Кавадраци, искована е цела приказна од типот „верувале или не“ за некаква опозициска нарачка.
Линк до оригиналниот напис: ДЕМОЛИРАЊЕТО НА ШТАБОТ ПО НАРАЧКА НА ЗАЕВ: Пораката која му ја испратија кавадарчани причина за демолирање на штабот?
Датум и време на објавување: 19.11.2016
Датум на рецензирање: 20.11.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО НЕ ТРЕБА!
Загрижувачки и сериозни се констатациите кои безмалку во форма на обвиненија се „истурени“ во написот. Во ред, транспаренти биле истакнати во Кавадарци против лидерот на опозицијата. Не навлегуваме колку тие биле „спонтани“, реакција на „револтирани граѓани“ или, пак, можеби биле резултат на партиски активности. Ама, како се побрзуваат тие натписи и каменувањето на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ? Одговорот е – ептен непрофесионално.
„Транспарент „Не за двојазичност, Заев оди си“ кој се појави во градот јасно покажува дека кавадарчани не се согласуваат со Заев и неговата намера за двојазичност на Македонија. Ова предизвикало револт кај раководството, по што следела расправија во локалниот штаб на СДСМ. Незнаејќи каква мерка да преземат, во безидејноста како и секогаш СДСМ го направи тоа што најдобро го знае. Насилство и деструкција, па по нарачка на централата на Бихаќка денес беше демолиран штабот на ВМРО-ДПМНЕ“.
Целосно непроверена информација, дури нема ниту некаков анонимен извор, барем едно „дознаваме“… Не, ништо од тоа. Се користат формулации како тој што го напишал текстот да седел на наводниот партиски состанок на кој се договорало насилство.
Во овој еден пасус прекршени се неколку од 17-те правила наведени во Кодексот на новинари:
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот;
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот;
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот.
Значи, нема извори, нема објективност, нема проверка на информацијата, ама затоа има пристрасност, коментари, неаргументирани формулации. Токму онака како што не треба.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови