Со конструкции и со невистини против граѓанскиот сектор
Објавено во Рецензии
on 3 - 11 - 2016 Автор: Александар Писарев
[Рецензија: 230.000 евра за Шарените, а на нас уништените фасади и улици]
Ова е уште еден од бранот пропагандистички текстови што изобилуваат со конструкции и со невистини против граѓански активисти, Фондацијата „Отворено општество“ Македонија и најголемата опозициска партија. Најдегутантно од сè е што ваквите писанија се нарекуват „истражувања“, иако во суштина претставуваат обична компилација од измислици кои се објавени повеќепати во истиот медиум под разни наслови.
Линк до оригиналниот напис: 230.000 евра за Шарените, а на нас уништените фасади и улици
Датум и време на објавување:26.10.2016
Датум на рецензирање: 01.11.2016
Рецензент: Александар Писарев
СЕНЗАЦИОНАЛНА НАМЕНСКА ОБЈАВА
На читателите им е понудена сензационална наменска објава која натежнува од тенденциозност и од навреди кон личности од политичкиот и од јавниот живот. Пишуван со обвинувачки и со навредлив тон, овој напис неаргументирано напаѓа и се пресметува со претставници на невладините организации кои ја критикуваат власта. Така, на пример, во текстот се тврди:
„Се офајдила и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет. Таа заедно со фантомската организација Тииит! Инк Скопје и Коалицијата за права на хомосексуалците на Кочо Андоновски ќе добие 31.140 долари за едукација и акција на женските права. Кога не би било трагично, би било смешно. Вие смејте се, а тие земаа 31.140 долари за да ги фарбаат улиците и навредуваат полицајците“.
Сепак, потврда за ваквите податоци нема.
Исто така, се наведува и дека:
„Заев и СДСМ се токму во предизборна коалиција со овие невладини организации, чии лидери се најавија и на пратеничките листи на СДСМ“.
Иако, всушност, најголемата опозициска партија сè уште не излегла со пратенички листи, социјалдемократите тоа го најавија за конгресот кој треба да се одржи претстојниот викенд (6 ноември 2016г.).
СТАВЕНИ НА „СТОЛБОТ НА СРАМОТ“
Текстот се расфрла со суми кои, наводно, легнале на сметките на споменатите личности и на граѓански организации, но за тоа не нуди конкретни докази. Не е ни направен обид да се прикаже и втората страна на приказната, преку изјави од посочените кои се ставаат на „столбот на срамот“, за да ги потврдат или да ги демантираат обвинувањата упатени на нивна адреса.
Манирот во кој е напишан овој напис остава впечаток дека да е во прашање текст политички инструиран од страна на владејачката партија, а во него се забележува дури и личен анимозитет кон личностите на кои е фокусиран.
Со ваквиот начин на (дез)информирање на јавноста се прекршени преамбулата и низа членови од Кодексот на новинарите:
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. (преабулата)
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (1)
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (13)
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.(14)
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности… (16)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови