verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Смешни „напади“ за работи од пред 11 години и повеќе

on 18 - 01 - 2017       

 

Kurir od naftalin

[Рецензија: Прескапи и лоши услуги, стара опрема, долгови и заостанати плати- како ураганот СДСМ го опустоши здравството?]

 

Да почнеме со дефиниција:

Вест е информација за актуелни настани, која има тежина на newsworthy, што, пак, претставува нешто што е интересно за широката јавност“.

Значи, клучно за нешто да биде вест, покрај релевантноста, секако е и актуелноста. Оттука прашањето е каква е актуелноста во едноставното преобјавување текстови стари повеќе од 10 години? Одговорот е – никаква. „Рециклажата“ на написи од минатото за тоа како „било во времето на СДСМ“ има само ниска политичка логика за некакво кудење на СДСМ во сегашноста.

 

 

11111Линк до оригиналниот напис: Прескапи и лоши услуги, стара опрема, долгови и заостанати плати- како ураганот СДСМ го опустоши здравството ?

 Датум и време на објавување: 16.01.2016   14:23

 Датум на рецензирање: 17.01.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 

„РЕПРИНТ“ ОД МИНАТОТО ЗА КУДЕЊЕ ВО СЕГАШНОСТА

 Ако вчерашната вест е утрешна евтина хартија, тогаш што е „информација“ објавена пред речиси 13 години? Најверојатно само безначајна прашина. Временска дистанца од десетина години е огромен период од кој било аспект да се гледа и за каков и да било настан. Нема образложение зошто нешто што било вест во 2004 година, сега би се пласирало на јавноста во информативен медиум.

Едноставно нема какво било оправдување, барем не од професионална гледна точка! Но, за некого, очигледно имало некаква смисла ваквото рециклирање, кое реално нема никаква тежина на вест, актуелност, релевантност итн… Поентата е дека се сакало со „вадењето работи од минатото“ да се наштети во сегашноста.

Така, ние, јавноста, сега се запознаваме со политиките на тогашната власт, а сегашна опозиција, во здравството. И, ете, читаме за лоша ситуација, слушаме изјави на незадоволни пациенти, многу критика. Но, чекајте, тоа било пред 13 години, помината работа, минато свршено време… Таа власт тогаш загубила на изборите и веќе 11 години е во опозиција. Некој друг е „газда“ во државата, вклучувајќи и во здравството. Некој друг менаџира со оваа сфера, која и по 13 години не може да се пофали дека ептен се подобрила.

 

ПРОПАГАНДИСТИЧКО ВАДЕЊЕ  ОД НАФТАЛИН

Зошто тогаш се навраќаме назад, наместо да гледаме како е сега. Целосно неновинарски пристап, исклучително пристрасен, без трошка објективност, сосема надвор од стандардите.

„Прескапи и лоши услуги, стара опрема, долгови и заостанати плати- како ураганот СДСМ го опустоши здравството?

Здравството како општествен сектор, кој е од примарно значење за граѓаните на една држава особено во периодот од 2002 – 2006 беше погоден од „ураганот“ наречен СДСМ, насловите на дневниот печат и прилозите на телевизиите во тоа време беа полни со вистината за катастрофата со која се соочуваше здравството, медицинскиот персонал и граѓаните кои животот ги однел да побараат помош во државните здравствени установи“.

А, ако повнимателно се прочита написот, ќе се забележи дека дури и се цитираат наоди на сега веќе озлогласената Фондација „Отворено општество“ за состојбата во македонското здравство во времето на СДСМ. Некој не внимавал што и како пренесувал или не бил добро запознаен со акронимите на Соросовите организации. Но, изгледа најважно било да се критикува по секоја цена во чувствителен период на преговори за формирање нова влада. Како некому да ќе му помогне во тој процес објавувањето бајати написи за нешто што било во времето.

Нејсе, лош производ, невреден за читање од едноставна причина што нему му е местото во архивите, а не во рубриката „Македонија/Вести“.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови