Случај кога насловот треба да го прочитате како „Игнорирај“
Објавено во Рецензии
on 5 - 02 - 2020 Автор: АдминКога станува збор за собирање на кликнувања, читателите може да се соочат со секаков вид текстови што личат на сè, но не на вест. Во овие времиња, е доволно фотографија или видео од некоја личност, дури и ако тој не е јавна личност, но кој има семејна врска или каква било врска со лице кое има јавна функција и некои онлајн медиуми да создаваат празни текстови. Таква е веста што ја разгледуваме и тип н авести што треба да се игнорираат.
Линк до оригиналниот напис: „Реагираат здруженијата за заштита на животните:Братот на Али Ахмети ги третира животните како членови на ДУИ (ВИДЕО)“ Reagojnë shoqatat për mbrojtjen e kafshëve: Vëllau i Ali Ahmetit po i trajton kafshët si anëtarët e BDI-së (VIDEO)
Датум на објавување: 06.12.2019
Датум на рецензија:20.12.2019
Рецензира: Ајнур Бафќари
Понекогаш е доволно да го разгледаме насловот и да сфатиме дека станува збор за статија со тенденциозна содржина. Авторот на овој текст објави видео снимка на братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а за истиот откако претходно направил текст, додал уште еден текст (овој што го разгледуваме), кој наводно е во врска со реакција на здруженија на животни. Во текстот, сите членови на политичка партија се навредени дека наводно не се третираат хумано. Текстот нема никаков јавен интерес и нема информација.
„Претставниците на здруженијата за заштита на животните се згрозени од снимката направена од бизнисменот Фекри Ахмети, хранејќи коњ со чоколади. Овие здруженија сметаат дека ваквото однесување на братот на Али Ахмети на коњи не треба да се толерира…Животните не смеат да се третираат нечовечно како што ДУИ ги третира членовите на партијата“, велат активисти за правата на животните.
Тие апелираат да не се дозволи Фекри Ахмети да ја искористи позицијата на неговиот брат Али Ахмети за да избега од кривичната одговорност, се вели во текстот.
Авторот воведува „фантомски“ реакции во текстот
Авторот за да се ослободи од одговорност, отвара наводници, вметнува цитат на „здруженија за заштита на животни“, но во ниту еден дел од текстот не кажува за кои здруженија по конкретно станува збор. Употребата на овие наводници во овој случај се врши со иронија, потсмев и презир. Односно, изворот во овој текст останува непознат. Запомнете дека изворите на информации мора да бидат проверени, потврдени и обележани. Иако понекогаш се наведува или цитира по барање на изворот, тој веднаш остава простор за маневрирање и создава чувство на сомнеж кај читателот. Текстот за кој се зборува, поради навредливата содржина, кај читателот ги отстранува сомневањата и веднаш убедува дека не ги чита информациите.
Авторот во овој текст не ја користи културата на изразување и ја нарушува новинарската етика.
КОДЕКС НА ЕТИКА НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА:
„Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста“.
„Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.“ – се вели во членовите 15 и 16 од Кодексот на етика на новинарите во Македонија.
Наместо информации, текст со тенденции и манипулации
Инаку, целиот текст е напишан на тенденциозен начин, што покажува дека авторот вградил лични ставови и намери. Содржината е пристрасна и манипулативна, и како и вообичаено што се случува, пишувана е со единствена цел да му наштети на некоја личност или на политичка партија.
Концепт на манипулација „Аргумент против човекот“
Овој вид манипулација е тенденција да се нападне какво било тврдење преку напад на лицето што го претставува. Според дефиницијата во Прирачникот КриТинк, станува збор за личен напад или напaд ad hominem. Иако во овој случај ликот кој е „нападнат“ не е директно застапник на односната политичка партија, авторот ја користи неговата блиска семејна врска со лидерот на партијата кој го „напаѓа“.
Насловите како овој треба да се читаат „Игнорирај ме“!
Многу е јасно уште на прво читање, дека насловот како овој не е многу ветувачки во однос на оекувањата да прочитате некакви сериозн информации. Обидете се да избегнете текстови со вакви наслови.
Но, дури и ако изберете да читате само од љубопитност, запомнете дека давате само клик, но не добивате ништо за возврат. Не заборавајте да ги барате неколкуте елементите што го прават текстот целосен и професионален. А вакви наслови, можете да ги прочитате и како „Игнорирај ме“.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.