Скепсата е составен дел на новинарството
Објавено во Рецензии
on 20 - 06 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Самоуправувачки велосипед што го фасцинираше светот]
Што ви говори за професионалноста и за посвeтеноста кога еден медиум ќе објави првопарилска шега на 9 јуни и тоа како вистина?
Во океанот од медиуми и од информации денес, треба да се биде прилично вешт за да не се проголта јадицата на која има убава, шарена, мирислива мамка која ветува многу кликнувања.
Понекогаш за да се избегне таквата мамка, потребно е малку повеќе знаење, вештина, професионалност и – љубопитност и скепса. Овие две последни особини денеска најмногу им недостигаат на медиумските професионалци и на нивните медиуми.
Првоаприлската корпоративна шега на „Гугл“ за самоуправувачкиот велосипед со далечинска контрола е толку добра што навистина ја исполни својата намена. Да се пошегува на 1 април. И тоа само на тој ден и така да си направи глобална реклама каква што може само да се сонува.
Ех, навистина, по тоа следуваа реакции дека шегата не била добра, дека ја преминала црвената линија на „лагата“ во односите со јавноста. Но, во индустријата за односи со јавноста тоа е пресметан ризик, доколку „добивката“ од оваа шега е поголема од штетата.
Линк до оригиналниот напис: Самоуправувачки велосипед што го фасцинираше светот
Датум и време на објавување: 09.06.2016, 09:53
Датум на рецензирање: 20.06.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
„ПРОГОЛТАН“ МАМЕЦ
Така функционира светот на корпоративните односи со јавноста. Се смета на нискиот праг на знаење и на сомничавост кај целните групи. Но, новинарите и медиумите не спаѓаат во тие целни групи. Како што рековме, нив треба да ги краси сомничавоста, скепсата и, најмногу од сѐ, љубопитноста. Љубопитноста оди рака под рака со немрзеливоста. Мрзеливиот новинар, без љубопитство, нема да провери една ваква вест и – ќе ја голтне мамката.
А само наједноставно пребарување на „Гугл“ (јасно ви е сега за што станува збор!), ќе ви го даде одговорот: дека се работи за првоаприлска шега. Или, баре, да го изгледале видеозаписот до крај. На последниот телоп на видеозаписот пишува „Достапно само на 1 април“.
Освен тоа, содржината за оваа информација е земена од канал на „Јутјуб“ со наслов „Funny Videos & Popular Videos“. И тоа би требало да биде доволно за новинар со чувство за предострожност.
Како и да е, нашиот читател што ја предложи оваа содржина беше сосема во право кога го направи тоа. Треба да ги препознаваме медиумските пранкови и рекламните мамци.
Мора да се биде критичен при изборот на изворот и да се провери дали се точни доставените информации. Добра практика е да се настојува при избор на изворите тие да бидат разновидни и релевантни.
Инаку, оваа првоаприлска шега ја „проголтаа“ повеќе медиуми во Македонија. Но, не само во Македонија туку и во светот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
лажни информации
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови