„Скандал“ без доказ и без потврда
Објавено во Рецензии
on 16 - 01 - 2017 Автор: Симона Атанасова
[Рецензија: СТЕВЧО И БЕТИ УЖИВАА ВО МОСКВА – ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ!]
Шпекулации и непотврдени информации, презентирани коментаторски, се нудат на јавноста како потврден „скандал“. Написот е тенденциозен и сензационалистички, но не донесува никаква потврда дека тоа што го пишува е вистинито.
Во текстот е наведено дека „медиумот дознава“, се вели дека информациите се од „дел од вработените“, но нема ниту една изјава на вработен во Општината, па макар и анонимна. Доколку изворите сакале да останат анонимни, тоа треба да биде соодветно наведено и истакнато, што не е случај со овој напис.
Линк до оригиналниот напис: СТЕВЧО И БЕТИ УЖИВАА ВО МОСКВА – ВРАБОТЕНИТЕ БЕЗ ПЛАТА ВО ОПШТИНА КАРПОШ!
Датум и време на објавување: 11.01.2017
Датум на рецензирање: 14.01.2015
Рецензент: Симона Атанасова
НИТУ ДОКАЗИ, НИТУ ИЗЈАВА
„Додека Стевчо Јакимовски со неговата партнерка Бети фризерката се расфрлаа со пари на десет дневниот зимски одмор во Москва, Русија, вработените реагираат дека се уште немаат земено плата, дознава Centarnews.net. Револтираните вработени информираат дека сметката на општината е блокирана, владее голема нервоза бидејќи како што велат – „некој со партнерката Бети се шета, а некој работи и не добива плата. Парите Јакимовски ги потроши на новогодишните и божиќните празници“.
Прво, во текстот нема никаков доказ дека градоначалникот Стевчо Јакимовски навистина бил на одмор во Москва. Ниту фотографија, ниту, можеби, билет на негово име, ниту, пак, потврда од самиот Јакимовски. Потоа написот тврди дека Јакимовски за неговиот одмор трошел општински пари, а вработените не добивале плата. Ниту за ова обвинување нема доказ. Не е понудена ниту една изјава од вработен во Општина Карпош кој ќе ги потврди овие обвинувања. Исто така, недостига и доказ дека општинската сметка навистина е блокирана.
За ниту една од овие изнесени шпекулации не е побарана официјална изјава од градоначалникот Јакимовски и официјална реакција од Општина Карпош.
Текстот тврди дека Општина Карпош е меѓу најзадолжените општини во Македонија, но не е јасно на што го темели ова тврдење. Не е понуден никаков споредбен извештај од задолжувањето на општините ниту, пак, е понудена потврда од некоја релевантна институција. Вака, напишаното личи на измислено.
НЕПРИМЕРНО НАВЕДУВАЊЕ НА ПРОФЕСИЈАТА
Непримерно, а исто така и нерелевантно, е наведувањето на професијата на партнерката на Јакимовски. Кому му е важно дека таа е или била фризерка? Со тоа само непотребно се покажува тенденција да се омаловажи една личност.
Покрај написот, проблематична е сликата. На фотографија од Москва монтирани се Јакимовски и неговата партнерка. Тоа воопшто не го докажува тврдењето дека тие навистина биле на одмор во главниот град на Русија.
Текстот, вака срочен, прекршува голем дел од новинарските принципи предвидени со Кодексот на новинари.
1. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
4. Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.
7. Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.
13. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови