verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Синдромот „Салиери“ во новинарството

on 23 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vest

[Рецензија: СE ПОВЕЌЕ ПРОПУСТИ ВО РАБОТАТА НА СЈО]

За добро новинарство има пишани и непишани правила. Има учебници, теоретчари, искусни колеги кои споделуваат знаење, од кое можат да се научат многу работи. Но, постои нешто што не се учи. Тоа е новинарскиот инстикт. Или го имаш, или го немаш. Ако го имаш, а не го храниш, инстиктот многу бргу ќе рудиментира и ќе стане – слепо црево.

Сѐ што можете да добиете од таквите „слепи црева“ е новинарство што страда од синдромот „Салиери“. Тоа е новинарство кое произлегува од тие што наместо да го развиваат сопствениот талент и од него да продуцираат добри резултати, ги опструираат, осуетуваат, им штетат, ги кодошат своите колеги. И тоа тие што си ги извлекуваат најдобрите поуки од препораките, знаењата и од искуствата и што произведуваат добро новинарство.

08222016-Vest-SJOЛинк до оригиналниот напис: СE ПОВЕЌЕ ПРОПУСТИ ВО РАБОТАТА НА СЈО

Датум и време на објавување: 20.08.2016, 15:38

Датум на рецензирање: 23.08.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НОВИНАРСКИ ИНСТИНКТ – ИЛИ ГО ИМАШ, ИЛИ ГО НЕМАШ

Затоа медумската содржина што ја рецензираме е повеќе коментар, а помалку објективна информација. Наместо да истражи и врз основа на таа истрага и утврдени правила да донесе заклучок, оваа информација оддишува од емоции. Негативни.

Заборавиле дека во новинарството информациите не се добиваат „на тацна“, туку треба да ги ископаш. Тоа е тоа што не се учи, туку доаѓа од инстиктот.

Текстот ја сублимира својата поента во реченицата:

„Поканата за распит во едно истражно дејствие треба да е тајна, но тоа не важи за СЈО“.

А, инстиктот вели дека поканата за распит не е никаква тајна. За неа може да се дознае на еден куп начини – од поканетиот, од адвокатите, од домашните на поканетиот, од судските разнесувачи, итн.

Во законот за СЈО не постои одредба што определува дека на поканетите за распит во ова обвинителство им се гарантира тајност. Дали нешто ќе биде тајна, може да биде предмет на договор меѓу засегнатите страни. Инаку, кога станува збор за надлежноста на СЈО, кое постапува по кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, сосема е јасно за што може да станува збор на договорените распити.

Се разбира, презумцијата на невиност останува врвен императив и за новинарите. Тоа што некој е повикан на разговор во судот, не значи дека е виновен.

Освен тоа, текстот е без извори и тоа автоматски го прави подложен на пристрасност, која е очигледна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови