Шпекулативна приказна без ниту еден доказ
Објавено во Рецензии
on 20 - 02 - 2017 Автор: Димитар Тануров
[Рецензија: ПАНИКА, ДРАМА И ХАОС ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Од врвот на ВМРО ДПМНЕ дале наредба сите министерства, владини агенции и општини викендов да уништуваат документација, се спремаат за предавање на власта на СДСМ!!! ]
Текстот е шпекулативен, без ниту еден конкретен извор ниту, пак, доказ за изнесените тврдења. Повеќе наликува на чаршиско озборување, отколку на новинарски производ кој соопштува проверени и издржани податоци.
Линк до оригиналниот напис: ПАНИКА, ДРАМА И ХАОС ВО ВЛАДИНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Од врвот на ВМРО ДПМНЕ дале наредба сите министерства, владини агенции и општини викендов да уништуваат документација, се спремаат за предавање на власта на СДСМ!!!
Датум и време на објавување: 19.02. 2017
Датум на рецензирање: 19. 02. 2017
Рецензент: Димитар Тануров
НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА
Насловната конструкција, која е предолга, е обоена со сензационализам карактеристичен за објави за привлекување внимание. Употребена е таква формулација како да станува збор за проверени и потврдени податоци, што е само уште една замка за читателите.
Главата на веста се повикува на неименувани извори, кои, наводно, јавуваат дека ВМРО-ДПМНЕ испратила допис за прекувремена работа до државните институции за уништување на докази и на документација.
„Дознаваме дека викендов во сите државни институции се работело до доцна во ноќта, стигнало наредба од горе да се уништува документација, се режело се што е спорно, некои и палеле документи во ќубиња!!!“
Тоа што е спорно во главата, но и во остатокот од веста е изворот, кој никако не е идентификуван и лоциран. Во случај наводниот извор да побарал анонимност, истиот треба да биде барем соодветно лоциран, на пример, со „дознаваме од партиски извори, владини извори, извори од министерството“… Дури и да има наведен извор, информацијата мора да биде проверена – сепак, станува збор за поголем број институции кои се именувани. Во случај инститциите да негираат или ако не сакаат да дадат коментар, тоа треба да биде наведено во текстот.
Во написот, без никаква поткрепа на изнесеното, се наведува дека, наводно, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се во паника бидејќи сфатиле дека заминуваат во опозиција. Но, за ваквите наводи нема ниту една изјава, доказ или дејство што го потврдува изнесеното. Ваквите тврдења, според навивачкиот тон во кој е напишан текстот, веројатно, имаат цел да прикажат некоја посакувана слика.
Според приказната што се плете, освен што, наводно, се уништувале документи во институциите на централната власт, се вели и:
„Дури и општините чешлале по тоа книгите, уништувале документи, сите биле во голема паника, се плашеле дека Катица ќе го замени Марко Зврлевски и ќе тргне да копа по сите министерства и дека бројката на обвинителни процеси од стотина ќе се качи на илјадници во наредните 4 години власт на СДСМ“.
Исто така, користејќи формулација „се раскажува“, во текстот е наведено:
„… од една фирма за набавка на канцелариска опрема од владата добиле нарачка за стотина режачи на хартија, кои биле распределени со камион по сите министерства!!!“
За сето ова нема никаква потврда, ниту од Владата, ниту од фирмата набавувач, која не се ни спомнува. Нема ни фото-докази од камиони што носат или од кои се растовара споменатата опрема!
Целиот напис се коси со стандардите утврдени во Кодексот на новинарите кој, меѓу другото, налага објавување на точни, проверени информации и непристрасно известување.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови