Шпекулативен и навредлив материјал
Објавено во Рецензии
on 8 - 11 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[ЕКСКЛУЗИВНО: Грујо наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!]
Станува збор за тенденциозен материјал со премногу шпекулации и без веродостојни извори. Понудените „сигурни“ информации за тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наводно, „наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!“, кои се пласираат уште во насловот, не се поткрепени со факти. Можеби Грувески навистина бил лут поради сообраќајниот инцидентот на Спасов, но овој едностран и навредливо интониран текст не нуди докази и прецизни извори на информации, за да може читателите да веруваат дека приказната што им се сервира е вистинита.
Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Грујо наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!
Датум и време на објавување: 05.11.2016, 13:18:02
Датум на рецензирање: 07.11.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
СТАКЛЕНИ НОЗЕ
Текстот стои на стаклени нозе и е со крајно проблематична вистинитост. Уште во првиот пасус се забележува дека не му се битни ниту фактите, ниту изворите:
„Мактел од извори во ВМРО ДПМНЕ дознава дека во партија имало строга наредба Диме Спасов да не се појавува пред очи на Груевски, затоа што тој му порачал дека му бил толку лут и бесен за штетата што му ја направи со скандалот и што морало да се глупираат да го вадат од гомна, што ако го види ќе го згази од мавање и тепање!!!“
Кои се тие извори од ВМРО-ДПМНЕ? Никој не вели дека изворот мора да биде со име и со презиме, ама во еден новинарски текст тој треба да биде лоциран, за да се добие впечаток дека изворот навистина постои. Написот што е пред нас не остава таков впечаток, тој е граден на рекла-кажала муабети и ниту едно од изнесените наводи не може да се потврди.
НЕДОЛИЧЕН ГОВОР
Еден прифесионален новинарски пристап подразбира да се прикаже случката која се опишува од сите агли, односно да се прашаат споменатите во написот или, пак, да се побара став од партијата. Но, очигледно е дека во овој необјективен и некоректен текст втората страна воопшто и не била планирана, што е спротивно на новинарските стандарди кои, меѓу другото, налагаат дека:
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)
Дополнително, написот натежнува од коментари и од навредливи зборови, како на пример:
„… морало да се глупираат да го вадат од го*на“
„…едно пијано пу**ње к*р у владин џип, е**ти работа е**ти!“
Со ваквиот начин на пишување, пак, се прекршиени уште два члена од новинарскиот кодекс, кои укажуваат дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ (13) и дека „новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката и дека непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија“ (15) .
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови