Шпекулацијата без додадена вредност останува шпекулација
Објавено во Рецензии
on 26 - 08 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Заев во паника повторно ги повика „продавачите на магла“ (фото+ видео)]
Дури и да е точно сето ова, сепак останува шпекулација која со ништо не може да се потврди, ако го земеме само текстот за да ни послужи за тоа. Шпекулација е зашто нема ниту еден извор, ниту една посредна или непосредна логична низа од елементи што одат во прилог.
Не е лесно да се направи тоа, но не е ни оправдано да се направи медиумска содржина само врз основа на шпекулации и на претпоставки. Таквата шпекулативна информација е атрактивна и собира кликнувања, но зад завесата на атракцијата нема содржина и аргументи кои ја прават додадената вредност во професионалното новинарство.
Линк до оригиналниот напис: Заев во паника повторно ги повика „продавачите на магла“ (фото+ видео)
Датум и време на објавување: 26.08.2016, 10:30
Датум на рецензирање: 26.08.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ТРЕТОСТЕПЕНИ ИНФОРМАЦИИ
Тоа ја прави оваа медиумска содржина несеопфатна бидејќи не е одработена докрај. Единствениот факт понуден во оваа информација е џипот со белградска регистрација, паркиран пред седиштето на најголемата опозициска партија. Тоа не е доволно. Тоа може да биде само почетна позиција за да се тргне во сеопфатно комплетирање на сите елементи за новинарска приказна која својата теза ја најавува во насловот.
Зад овој единствен факт има само заднински, третосетепени информации собрани на интернет и врамени со предумисла во сторија која треба да го прикаже наводното ангажирање на агенција за односи со јавноста како најголем политички грев. Во политичката борба не е ништо спорно да се побара предизборна стратешка поддршка од таква агенција…
Врамувањето на сторијата ја прави политички пристрасна, а за тоа сведочат и насловот, и тонот, и коментаторските конструкции во текстот, кои имаат цел да го нагласат и контрастно да го обојат наводниот политички грев и да дискредитираат политички опоненти и лидери.
Тоа не е доволно за аргумениран и внимателно истражен новинарски продукт.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови