Шпекулација скриена зад наводни дипломатски извори
Објавено во Рецензии
on 15 - 02 - 2017 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО-ДПМНЕ?!]
Написот пренесува соопштение за посетата на австрискиот министер за надворешни работи, но потоа ги коментира наведените информации и изнесува дополнителни непотврдени податоци, повикувајќи се на неименувани извори.
Линк до оригиналниот напис: ДОАЃА КУРЦ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ ЗА НЕГОВА ОСТАВКА И СПАС НА ВМРО-ДПМНЕ?!
Датум и време на објавување: 09.02. 2017
Датум на рецензирање: 12.02.2017
Рецензент: Димитар Тануров
СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИ НАСЛОВ
Самиот наслов е коментаторски и сензационалистички, особено со интерпункцијата која се користи. Со него не се дава конкретен одговор, само се наведува читателот да ја кликне веста, која, наводно, треба да понуди конкретен одговор.
Главата на веста пренесува дел од официјалното соопштение (најверојатно од МНР, но во текстот тоа не се прецизира) за посетата на шефот на австриската дипломатија:
„Себастијан Курц – министер за надворешни работи на Австрија и претседавач со ОБСЕ, официјално, според најавата, во недела доаѓа во Скопје на средба со министерот Поповски за да ја посети македонско-грчката граница која е каналот за наплив на бегалци од Сирија во западните земји.
Тоа е официјалната најава за посетата на Курц кој е добар пријател со функционерите од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и тој и тие припаѓаат на сестрински партии“.
И, во овој дел од текстот нема ништо спорно. Но, вториот дел на веста е коментарторски и без целосно потврдени информации. Имено, веста се навраќа на последната посета на Курц и на реакциите што ги предизвика посетата, а потоа се надоврзува со наводни информации од неименувани дипломатски извори. Честопати фразата „дипломатски извори“ се користи за прикривање коментари и лични ставови и претпоставки, особено зашто дипломатските извори не се ниту лоцирани. Нејасно е, на пример, дали станува збор за дипломатски извори од Македонија, од Европска Унија, од Австрија, од ЕПП. Токму затоа постои и сомнеж за веродостојноста на информацијата.
„Овој пат, според дипломатски извори, Курц покрај посетата на границата во Скопје доаѓал со порака лично до Груевски од име на европските десни партии – народњаците во кои е и ВМРО-ДПМНЕ“.
ПОЛИТИЧКА ОБОЕНОСТ
Исто така, во самиот напис се забележува доза на обоеност и пристрасност, особено преку употребата на терминот „народњаците“, кој се однесува на европските народни партии, а тука има некаков подбивен призвук.
Последниот пасус – реченица повеќе, наликува на спинерски коментар кој треба да создаде впечаток на наводна директна вмешаност на странските дипломати во решавањето на политичката криза.
Во написот може да се забележи кршење на некои од професионалните стандарди и членови на Кодексот на новинарите, кој наложува: проверување на информациите, назначување на изворите или во случај да бараат анонимност, нивно соодветно лоцирање, потоа да се прави разлика меѓу вест и коментар, како и непристрасност при информирањето, особено при известување за политички процеси.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови