Шокантна лага за еден измислен конфликт
Објавено во Рецензии
on 24 - 01 - 2017 Автор: Agron Vrangalla
Напис: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!
На границата меѓу Косово и Србија, односно во близина на селото Добросин денеска имало една премногу тензична ситуација.
Весникот „Блиц“ од свои извори разбрал дека имало пукотници од огнено оружје меѓу српската жандармерија и косовската полиција.
Според изворите на весникот „Блиц“, српската жандармерија била таа која провоцирала прва.
„Во еден момент, ситуацијата ескалира. Се слушнаа пукотници од оружје“, истакнал овој извор, не давајќи повеќе детали.
Според овие извори, настанот се случил рано наутро, некаде по 5 часот.
Од друга страна, од косовската полиција велат дека немаат информации за тензична ситуација во тој дел на границата.
Контактиран од страна на весникот „Блиц“, портпаролот на косовската полиција, Баки Келани, истакнал дека нема информации за такво нешто.
Инаку, односите меѓу Косово и Србија веќе неколку недели се влошени.
Причина за тоа беше изградбата на нелегалниот ѕид во близина на мостот над реката Ибар во Митровица, а потоа апсењето на лидерот на АИК, Рамуш Харадинај, во Франција, врз основа на една потерница од 2004 година, и сега на крај обидот за внесување на нелиценциран воз и со провокативни пораки, што ги донесе до критична точна односите меѓу двете земји.
Од друга страна, српскиот претседател Николиќ провоцираше велејќи дека доколку се појави потреба, тој е готов заедно со неговите синови да војува во Косово.
Официјален Брисел побарал да се смират тензиите и да се продолжи со дијалогот меѓу Косово и Србија.
[Рецензија:„Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!“]
За време на разните конфликти во светот, кога две или повеќе сили се судирале една со друга, медиумите често знаеле да се претворат во инструменти за поттикнување војни. Секако, ова е премногу казниво кога станува збор за нашата професија. Но, за жал, кога еден етнички, верски или идеолошки интерес доаѓа до толку очигледен израз што доаѓа и до судир, тогаш медиумите често забораваат сè и се „фаќаат за оружјето“ за да придонесат во неутрализирање на непријателот. Начелно, ова не е праведно, но се случува, и тоа многу почесто отколку држењето на непристрасен и професионален пристап.
Линк до оригиналниот напис: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција!
Датум и време на објавување: 19.01.2017
Датум на рецензирање: 21.01.2017
Рецензент: Агрон Врангала
Сите прекршувања на професионалните правила се еднакво казниви. Но, доколку има некој поголем прекршок од сите други, тогаш несомнено дека тоа е фрлање бензин во оганот или, поточно кажано, да провоцираш тензии тогаш кога ситуацијата е жешка.
Истото се случило и со овој текст кој го рецензираме. Насловот вели: Тензично на косовско-српската граница: Пукотници меѓу српската жандармерија и косовската полиција! Секој би се вознемирил кога ќе прочита толку вознемирувачки и тенденциозен наслов.
Потоа, публиката сфаќа дека станува збор за шпекулација, но во првиот момент и може да се сомнева дека можеби навистина се случил еден таков судир. Да не заборавиме дека доколку ваквите наслови беа вистинити, тие би претставувале аларм за почнување на вооружен конфликт меѓу двете држави. Значи, доволен е еден наслов за да шокира или за да го провоцира населението.
Воопшто не е смешно. Замислете, ненадејно да ви тропне некој на врата и да ви рече: „Бргу, бегајте, некој поставил автомобил бомба во вашето маало!“ Како би реагирале вие во тие моменти? Потоа, „известувачот“ може цел ден да ви зборува дека тоа било само шега, но вие веќе сте го доживеале стресот.
Не е добро да се одбере оваа форма за добивање поголем број на кликнувања. Барем не од човечки аспект. Видете каква чиста лага е текстот. Се кажува локацијата и времето кога наводно имало вооружен судир меѓу полициските сили на двете држави. И, ова го дознал весникот „Блиц“ од „свои“ извори. Каде ли ги наоѓате овие извори, извори што никој друг не ги нашол и не ги слушнал?!
Во продолжение, самиот текст ја демантира лажната вест, додавајќи дека во моментот кога била контактирана косовската полиција, тие изјавиле дека немаат информации за такво нешто. Значи, еден релевантен извор го кажува спротивното на тоа што е кажано во насловот на почетокот од текстот. Ова точно покажува дека текстот сосема свесно е напишан за да провоцира паника кај луѓето. Ако е така, ова покажува една истакната професионална недозреаност. И најголемиот аматер, доколку има трошка професионален морал, не би направил вакво нешто. Никој го нема правото да си игра со чувствата на граѓаните.
Потоа, во продолжение текстот е во ред и со потврдени информации. Но, што ќе ти е, кога на почетокот влева страв кај публиката? Таквите вести што содржат лаги, поттикнуваат омраза и ја тероризираат публиката, се сосема казниви со секоја меѓународна конвенција за правата и слободите на човекот воопшто, но и од страна на медиумските организации. Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија вели:
Начинот на информирање во случај на несреќи, катастрофи, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки, треба да биде ослободен од сензационалноста.
Новинарот нема да состави свесно и ниту ќе третира информации што ги загрозуваат правата и слободите на човекот, нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство и дискриминација врз каква било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Како и да е, информации од оваа природа се неприфатливи и треба да се запрат што е можно поскоро, бидејќи никој не останува „верен до смрт“ на еден медиум. Довербата треба да се добива секој ден, со точно и сигурно информирање. Бидејќи луѓето ќе побараат нови патеки за да добијат точни информации за настаните, и вака, ќе останеме без ниту еден следбеник, осамени и посрамотени.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
напис со една дијаметралност на фактите, но во недоволен број
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
поттикнувачки говор
поттикнувачки говор
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови