verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шок од празен сензационализам!

on 3 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

http___reporter.mk_2015_11_29_Ðpng.mk_2015_11_29_￐png

[Рецензија: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег]

 

Во новинарството постојат вести и лажни вести. Но, некако не сме чуле дека постојат вести и не-вести. Односно, дека постои наслов, згора и сензационален, ама вест не постои. Како што во конкретниот случај, ни се најавува „ жежок костен“, ама во „ќулавката“ нема ни трага од плодовите.

http___reporterЛинк до оригиналниот напис: (ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег

Датум и време на објавување: 29.11.2015

Датум на рецензирање: 01.12.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПАНИЧЕН НАСЛОВ 

Сензацијата што се најавува со паничниот наслов: „(ВОНРЕДНА ВЕСТ) Шок во светот – Русија почна пресметка со Турција, ова е нивниот прв потег“, ја нема во штуриот содржински дел на материјалот што го рецензираме.

„Откако турските сили го соборија рускиот воен авион, денеска низ социјалните мрежи се појави видео во кое може да се забележи како Русија започна со воена интервенција над Турција. Претходно претседателот  САД Барак Обама и на Франција Францоис Холанд повикаа на мирно решавање на новонастанатата ситуација. Што може човек да каже после вакво видео освен да се наежи.“

Ова, всушност, е целиот текст. И, каде тука го видовме „почетокот на војната“? Или, барем, почетокот на жестоката пресметка? Впрочем, оттогаш поминаа и неколку дена,  а ништо од најавата во насловот.

 

ВАЖЕН Е БРОЈОТ НА КЛИКНУВАЊА

Навистина, на читателите им се нуди и видеоснимка која, објективно, ништо не кажува. Дури, тоа е така технички решено што вие морате да кликнете на рекламата што го прекрива видеозаписот?! Тие реклами се менуваат и вие наместо „прeсметка“, по „хот – најавата“ гледате само ЕПП! И толку!  Па, иако не сме дознале дали почна „третата светска војна“, можеме да се информираме која зимска гума е најдобра или кој автомобил оди на кредит…

Повидлива измама тешко е да се најде, ама очигледно важен е бројот на кликнувања.  Во поранешниот КЗ имаше член кој казнуваше за ширење невистинити вести, а оваа е таква. Денес,  би можело она што го нуди медиумот, да се третира како своевидна измама – ве тера да гледате комерцијална реклама со нечесен предтекст.

И, за жал, од ваквите (дез)информации со куси ракави останува чесното, етички исправно новинарство. Бидејќи, ниту на крај на умот не му е да објавува дрски измислици.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Нема минимум вистина

не може да се утврди

лажни информации

Не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови