Школски пример за спин
Објавено во Рецензии
on 15 - 09 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО)]
Овој текст е школски пример за спин. Тоа се гледа веднаш штом ќе се преслуша видеозаписот кој е ставен како извор на тезата што се застапува, но ниту тоа не спречило да се објави ваков сензационалистички наслов.
Линк до оригиналниот напис: Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 14.09.2016, 12:12
Датум на рецензирање: 15.09.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВА
Со самото преслушување на видеоснимката веднаш се сфаќа дека се работи за спин. Тоа што се алудира во насловот, „Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична“, не може да се извлече како заклучок од видеоснимката. Напротив, во неа Зоран Заев, претседател на СДСМ, зборува за потребата од албански гласови, а никаде не споменува дека Македонија ќе ја направи двојазична.
„Тој во интервју за НОВА ТВ вели дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци“.
Ниту овој дел го нема. Заев во видеозаписот вели:
„Сметам на албанските гласови за СДСМ. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некоја друга политичка партија од албанскиот блок“.
ТЕЗАТА НА ТЕКСТОТ НЕ СЕ НАОЃА ВО СНИМКАТА
Од тоа се гледа дека овој пасус е целосна невистина. Никаде тој не спомнува дека е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица.
На овој спин реагираа и од СДСМ со реакција, која подоцна во медиумот не беше објавена, ниту, пак, беше додадена во текстот. Еве што се вели во демантот:
„Заев во ниту еден момент во интервјуто не спомена двојазичност на целата територија на Македонија и тоа јасно се слуша од одговорот на прашањето, кој го испраќаме во прилог. Поистоветувањето на познавањето на повеќе јазици со двојазичноста е или елементарно непознавање или тешка манипулација од страна на куририте. Не постојат спинови на власта кои ќе ги одвратат граѓаните од намерата на 11 декември да му кажат збогум на Груевски, а потоа заедно да ја градиме новата Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ“.
Ова е текст со јасна намера – да се омаловажи Зоран Заев претставувајќи го како „предавник“. Но, спиновите, се недозволиви во новинарството, односно ваков текст е соодветен за партиски билтен, но не и за медиум.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
стилски уреден
поврзан со тагови