Шегите, хуморот или сатирата треба да бидат јасно посочени во веста
Објавено во Рецензии
on 20 - 02 - 2017 Автор: Fatlume DervishiНапис: ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди
Откако преговараше една недела за можна соработка со лидерот на ВМРО, Никола Груевски, преседателството на ДУИ ќе продолжи со преговорите и со консултациите и неделава што следува. Овојпат на маса се опциите и договорот за соработка со СДСМ.
Новинската агенција ИНА дознава дека ДУИ ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, како партија која имала најмногу средби од која било друга партија, во историјата на политичкиот плурализам.
Од друга страна, граѓаните зачудени од овој феномен, ширум отвориле уши и очи за да видат што ќе се случи?! Кој ќе замине во историјата овој пат? (ИНА)
[Рецензија: „ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди“]
Иронија, хумор или сериозна информација? Ако не е добро запознаен со околностите и со последните случувања на политичката сцена во Македонија, ниту еден од читателите нема да може да ја резбере оваа „вест“. На обичниот читател понудени му се многу малку информации за реалната состојба. И наместо информации, му се нуди несоодветен хумор, преку кој новинарот се обидува да ги прикрие бројните недостатоци од професионален аспект.
Линк до оригиналните написи: ДУИ влегува во Гинисовата книга на рекорди
Датум и време на објавување: 05.02.2017
Датум на рецензирање: 13.02.2017
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Фактот што порталите се медиуми кои претежно пренесуваат кратки написи, затоа што нивните читатели не сакаат долги текстови (ова е потврдено во неколку истражувања), не значи дека новинарот треба да вметне неколку аспекти во само неколку редови, при тоа не објаснувајќи голем дел од нив. За овој напис можеме да кажеме дека само првиот пасус опишува, дека е реален и дека е јасен. Во него се објаснува во која насока се движат преговорите меѓу политичките партии за составување на владата по изборите. Збунувањето на читателот почнува во вториот пасус, каде што пишува:
„…ИНА дознава дека ДУИ ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди, како партија која имала најмногу средби од било која друга партија, во историјата на политичкиот плурализам“.
Бидејќи не е ставено под наводници, и не е назначено дека текстот спаѓа во категоријата сатира, хумор или иронија, тогаш може да се каже дека е покажан некоректен и непрофесионален пристап при третирање на оваа тема. Причината за ова не е само тоа што ДУИ не аплицирала за да стане дел од Гинисовата книга на рекорди и што во книгата не ни постои една таква категорија, туку и поради тоа што во текстот не се нуди никаков точен аргумент околу тоа, дали навистина станува збор за најдолгите преговори досега. Овој дел е „изум“ на новинарот и тоа не само поради шегата.
„Од друга страна, граѓаните зачудени од овој феномен, ширум отвориле уши и очи за да видат што ќе се случи?! Кој ќе замине во историјата овојпат?“
Јазикот кој е употребен на крај, не е вообичаен за вести. Таков вид реченици можете да видите по колумни, коментари, анализи… Затоа, овој дел е еден вид коментар, а прашањето „кој ќе замине во историјата“ е тенденциозно, бидејќи одговорот кој автоматски му се наметнува на читателот – се наоѓа помеѓу редови во другиот дел од текстот.
Во Прирачникот за етика во новинарството, се вели:
- Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.
- Новинарот треба да обезбеди „втора страна“, односно да им даде можност на сите засегнати од новинарскиот производ да го кажат својот став.
За да докаже дека преговорите меѓу партиите, а и оние внатрепартиските, сè уште траат, новинарот требал да се повика на партиски извори, било тоа да се конкретни или, пак, анонимни извори, но кои ќе му овозможеа елемент на веродостојност на неговиот напис. Освен што е прекршено правилото за потребата за извори, контстатиравме и дека во текстот има интегриран коментар на новинарот, односно мешање на факти со коментари и дека текстот не е објективен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
ниеден извор
ниедна страна
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови