verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шега извадена од контекст

on 22 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

vecer

[Рецензија:  Бихаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица]

 

Текстот што е предмет на оваа анализа целосно манипулира и ги извртува фактите, пренесувајќи само еден дел од изјавата на аналитичарот Сефер Тахири. Тој, при гостувањето во дебатната емисија „Топ-тема“ на телевизија „Телма“, прераскажа шега што ја слушнал од негов пријател. Овој напис, пак, користејќи фрагмент од неговиот исказ, креирал тенденциозна приказна, без притоа да наведе дека се работи за шега.

Бихаќка е новиот центар на Албанците а не Мала Речица ВечерЛинк до оригиналниот напис: Бихаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица

Датум и време на објавување: 09.02. 2017

Датум на рецензирање: 17.02.2017

Рецензент: Симона Атанасова

 

 

МАНИПУЛИРАЊЕ

„Албанскиот аналитичар Сефер Тахири, во синоќешното издание на „Топ Тема” изјави дека според кажувањата на негов пријател, Заев отишол во едно албанско село и се декларирал како Албанец, односно им порачал на жителите дека ако сакале Албанец за премиер, тогаш тој ќе биде тоа.
Се обидувам низ пример кој што ми го кажуваше еден пријател, вели дека Заев отишол во едно албанско село и им рекол сакате албански премиер, тие рекле да… јас сум тој, Зоран Заев…, рече Тахири“.

Текстот нецелосно ја пренесува изјавата на Тахири односно ја крати и го пренесува само делот со кој прави манипулација. Тахири, всушност, во своето целосно излагање говори за неетничкото гласање, односно за гласањето на Албанците за македонска партија. Притоа тој потсетува на претходни случаи кога имало неетничко гласање и истакнува дека тоа не е нешто уникатно, но дека на овие избори било помасовно.

По шегата што ја кажа Тахири следуваа уште неколку други поенти за феноменот на неетничко гласање. Целосната изјава на Тахири по шегата гласи:

„Сакам да кажам со ова дека на некој начин причините што доведоа до тоа да се гласа за СДСМ на минатите избори се јасни. Идеолошките причини можат да бидат повод за гласање за СДСМ, ама не се клучни. Албанците се јасни во одговорот. Гласале затоа што добиле конкретни животни ветувања. Не за идеологија, не за некакви големи идеи“.

Понатаму во текстот се вели дека СДСМ со анкетата ѝ испратил порака на ДУИ дека Бикаќка е новиот центар на Албанците, а не Мала Речица.

Воопшто не е објаснето како тоа СДСМ преку анкетата ѝ испратил порака на ДУИ и дека пораката е таква каква што тврди написот.

Во текстот од целата анкета е земен само еден дел од истражувањето, тој фрагмент е коректно цитиран, податоците се точни и прецизно пренесени, но се извадени од контекст. Притоа, не се наведени информации за тоа кој ја направил анкетата, ниту кога. Единствено пишува дека е направена по нарачка на „опозициската телевизија Телма“, што е манипулирање со јавноста. Нема никаков аргумент зошто на една национална телевизија ѝ  се дава епитетот „опозициска“, ниту пак, доказ што ќе потврди дека тоа е навистина така.

Вадењето изјава од контекст, особено шега и со тоа манипулирање на читателската публика во најмала рака е непрофесионално. Во Кодексот на новинарите  е потенцирано  дека право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите, а токму тоа е направено во оваа медиумска содржина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови