„Сензационално“ распукан асфалт
Објавено во Рецензии
on 13 - 09 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: 5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија]
Непотребно преувеличување на ситуација, која и онака предизвика паника кај граѓаните, особено кај скопјани. Би рекле „долевање масло на огнот“ со пласирање несоодветен наслов и фотографија, кои може само да внесат дополнителен страв и немир кај јавноста, која, пак, во моментите по силниот земјотрес во Скопје очекуваше нов поинтензивен потрес.
Линк до оригиналниот напис: 5,1 степени по Рихтер ја стресе цела Македонија
Датум и време на објавување: (најверојатно) 11.09.2016
Датум на рецензирање: 13.09.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ВО НАСЛОВОТ И ФОТОГРАФСКО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ШТЕТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ
Нема дилеми, во Скопје се случи силен земјотрес од 5,3 степени, а не од 5,1, според Рихтеровата скала, но оваа непрецизност ќе ја припишеме на брзањето, како и на користењето други медиуми како извор. Исто така, поради јачината, потресот беше почувствуван во целата земја и во соседството, но не со таков интензитет. Значи земјотрес со јачина од 5,3 степени го стресе Скопје, а не цела Македонија. Сепак, има разлика и тоа голема. Не може во насловот да се тврди дека јачината на потресот насекаде била иста, зашто тоа едноставно не е така. Тоа е фелер број 1.
Фелер број 2: покрај педесетината граѓани кои побарале медицинска помош, земјотресот остави и штета зад себе: урнати делови од стари објекти, паднати делови од дотраени фасади, скршени прозорци, елементи од оџаци завршија врз автомобили итн…
КОЈ „ГО РАСПУКА“ АСФАЛТОТ?
Ама интензитетот на ударите, за среќа, не беше таков за да предизвика пукнатини во асфалтот и големи процепи, како што тоа сликовито ни го прикажува фотографијата во написот. Не, оштетувања имаше, ама не такви.
Кога се правел и се објавувал текстот, требало да се има на ум дека употребата на несоодветна фотографија може да доведе до дополнителен страв кај граѓаните, кои и без тоа беа во шок. Едноставно, како да се играло на картата на сензационализам – да се стави фото-илустрација која нема врска со овој настан, да се „залепи“ што било, па макар тоа било од земјотрес во Азија.
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми – член 8 од Кодексот на новинари.
Во овој случај, во услови на немање фотографија од местото на случувањето, ќе било подобро да се стави понеутрална илустрација, на пример, од сеизмографска мерна карта.
Со право читателот што го предложи овој напис за рецензија реагирал дека насловната конструкција и фотографијата може да предизвикаат дополнителна паника.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
нема лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови