verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Селото гори, бабата изгорела исчешлана

on 3 - 05 - 2016       

Zivot na selo

[Рецензија: Животот на село се поатрактивен – погледнете кои градски личности се одлучија за живот во село]

 

Сосема е јасно дека оваа медиумска содржина има намера да учествува во ветерот во едрата на новиот проект што е најавен деновиве – „Од град во село за нов почеток“.

Впрочем текстот тоа не го крие:

„Градските гужви луѓето се почесто сакаат да ги надминат на село. На чист воздух, во мир, спокој и тишина. “Од град во село за нов почеток“ е насловот на новиот мега проект што го најави Никола Груевски.“

И велиме, добро, не е спорно дека на креаторите на оваа содржина им се допаѓа овој проект. Но, сепак, бидејќи се работи за медиум, текстот треба да почитува некои правила кои се неопходни за медиумска содржина со основни професионални стандарди. Доколку ги нема, тој ќе биде само уште еден пропагандистички, политички пристрасен текст. Затоа, ајде да провериме.

 

05032016-Kurir-SeloЛинк до оригиналниот напис: Животот на село се поатрактивен – погледнете кои градски личности се одлучија за живот во село

Датум и време на објавување: 30.04.2016

Датум на рецензирање: 03.05.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

„ВИКЕНДАШИ“ ИЛИ…

Да ја провериме, на почетокот, вистинитоста на наводите. Таа треба да дојде од автентични, двојно проверени факти, кои треба да ја поддржат тезата дека познати градски личности одлучиле да го напуштат градот и да живеат во село, а не само да викендуваат и да се одмораат таму додека шеткаат и чепкаат низ градината.

Целосната, сеопфатна вистина не можеме да ја констатираме, затоа што овој текст е збир од, најверојатно, јавно достапни информации (на социјалните мрежи или на интернет). Тоа не е доволно. Тие луѓе се живи и здрави и, секако, изјава, коментар, од нив за тоа дали живеат и работат на село, ќе беше вистински аргумент на сторијата.

Како што навестуваме во претходните пасуси, вистинитоста се потврдува со извори. Примарни или секундарни. Во овој случај нема ниту еден „доказ“, обезбеден со извор, за тоа од каде се наводите во овој текст.

Тоа ќе беше, секако, добредојдено од аспект на содржајноста и на сеопфатноста на оваа сторија. Вака, таа останува низа од информации за кои немаме аргументи што ќе ги потврдат. Зашто, не е исто ако својот бизнис некој го преселил во селски средини, а поголем дел од времето го поминува во градот… Всушност, мотивацијата на личностите како наведени примери, нам ни останува непозната.

А требало само малку: Да се добие изворна изјава, коментар…

Од друга страна, мотивацијата за оваа сторија е сосема јасна и ја наведовме на почетокот: Да ја поттикне новата партиска кампања во пресрет на изборите. Тоа ја прави оваа медиумска содржина пристрасна.

Во прилог на тоа оди и квалитет на насловот. Тој е апологетски, неатрактивен. Пропагандистички.

Од фотографиите ќе ја издвоиме таа со цветната градина во околината на Скопје. Верувајте, тоа не е доволно за живот на село.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови