verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сексистички сензационализам

on 4 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

vecher

[Рецензија: И се скинаа гаќите додека фрлаше кон канцеларијата на Иванов]

 

Апсолутно сексистички, примитивен и вулгарен текст што нема никаква врска со настанот на кој е снимена фотографијата. Не е важен протестот, неговата масовност и проширувањето низ целата земја. Не е важно ниту зошто луѓето со денови протестираат, кои се нивните пораки и кому се упатени. Не е важно што ги натерало луѓето на студено, врнежливо време да излезат на улиците и да протестираат. Важно е дека на една од учесничките на протестот силниот ветар ѝ го кренал здолништето. И со една таква извитоперена прецепција на нештата, тоа се претставува како да е најважната работа на светот! Па, тоа  уште се кажува и со огромна доза потсмев и примитивизам. Дегутантно и срамно за еден новинарски производ. Ако, вооопшто, оваа содржина може така да се нарече.

И се скинаа гаќите додека фрлаше кон канцеларијата на Иванов ВечерЛинк до оригиналниот напис: И се скинаа гаќите додека фрлаше кон канцеларијата на Иванов

Датум и време на објавување: 27.04.2016, 14:25

Датум на рецензирање: 03.05.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НЕВКУСНА ОБЈАВА

Идејата на напишаното е да се сврти вниманието од протестите кои веќе 15 дена се случуваат во главниот град, а како резултат на револтот на граѓаните од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари и нивни соработници.

Во текстот (чии слики се преземени од друг медиум, кој не е соодветно линкуван), никаде не ја пишува причината зошто се одржал протестот, ниту што навистина означува „Шарената револуција“. Но, затоа, со омаловажување се говори за една непозната личност, за која се пишува со навредлив тон.

„Токму тие, домаќинските, не издржаа, па додека таа од петни жили се трудеше да погоди, „домаќинските” попуштија пред налетот на силата! Така заврши „шарената револуционерка”… со гол г.з во бели искинати гаќи!“

Згора на сè, текстот се исмева со демонстрантката дека ѝ се скинала долната облека, при што се нагласува дека таа е со бела боја! Бидејќи, нели, огромен грев е да се носи долна облека во бела боја! Настрана што од фотографијата  се гледа дека се скинати хулахопките, а не долната облека. Иако, тоа е најнебитниот момент во оваа невкусна објава.

Всушност, целта на овој неетички и сексистички материјал е да ги маргинализира протестите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и да ја дефокусира вистинската причината за протестите, кои речиси три недели масовно се одржуваат на скопските улици, но и низ другите градови во Македонија.

Манирот во кој е напишан и пласиран овој напис е во спротивност со принципите утврдени во новинарскиот Кодекс, како и со насоките наведени во Прирачникот за етика во новинарството, каде, меѓу другото, е нагласено дека „новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката и дека непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови