Сечено, лепено и креирано за сеење омраза
Објавено во Рецензии
on 1 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате!]
Да се наредат принтскринови од социјални мрежи и да се скројат според сопствената политичка пристрасност, не е новинарство.
И премногу е неодговорно. Замислете: текст кој објавува говор на омраза, а се крие зад алибито дека пренесува принтскринови од социјални мрежи. Тоа не е новинарство.
Линк до оригиналниот напис: Студентите до Студентскиот пленум: Aко ве платат да бојкотирате против вашиот бојкот, и за тоа ќе бојкотирате!
Датум и време на објавување: 30.06.2016, 13:44
Датум на рецензирање: 01.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЧАРШАФ ОД ПРИНТСКРИНОВИ
Само две реченици, во два различни пасуси, го „разбиваат“ чаршафот од принтскринови од социјалните мрежи. И дури ни во тие две реченици нема воздржување од навредливи коментари, што само ја дообјаснува мотивацијата за една ваква медиумска содржина.
Според врвното правило на Кодексот на новинарите, поставено во преамбулата на овој правилник за професионално и етички исправно постапување на новинарите, нивна основна задача е:
… да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.
Наместо тоа, пред нас е содржина која не известува, туку шири омраза.
Тоа, пак, е спротивно на членот 10 од Кодексот, кој вели:
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Инаку, не е неможно во новинарски текст да се преточи атмосфера за некој феномен за кој се дебатира на социјалните мрежи. Но, тогаш социјалните мрежи стануваат извор од кој се создава содржина која, сепак, мора да ги почитува професионалните стандарди – да биде непристрасно и избалансирано пренесено мислењето на сите инволвирани страни.
И, се разбира, не сѐ што ќе се најде на интернет е вредно да биде медиумска содржина. Освен во случаи кога целта не е новинарска, туку исклучително политичка.
Всушност, ова е добар пример за сечено, лепено, креирано…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Селективно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови