Сечена и лепена креација од „супермаркетот“ социјални мрежи
Објавено во Рецензии
on 25 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ЕДНО „БОМБИЧЕ“ ПРЕД СДСМ: „Шарените“ незадоволни од договорот, стрвни за протест и на „Бихаќска“]
Уште еднаш, по којзнае кој пат: Социјалните мрежи не се самопослуга, па да се влезе, да се земе што се сака и потоа од тоа да се прави новинарска приказна.
Извори, извори, извори… Изворите се елементарна основа. Фундамент. Оттаму доаѓаат новините, вестите, професионално изработените содржини.
Влегување во супермаркетот наречен „социјални мрежи“ и собирање статуси и потоа врз изборот, за кој нема никакво објаснување за критериумите врз кои е направен, се креира медиумска содржина, која публиката треба да ја проголта како релевантна(?!).
Секој добро упатен читател, како и во овој случај со оглед на фактот дека предлогот за рецензија на оваа медиумска приказна доаѓа од читателка на „Сервисот за проверка на фактите од медиумите“, ќе се запраша: Каде е е тука релевантноста на селектираните информации? Дали е можно врз основа на еден, два, (колку и да се) фејсбук-статуси да се „монтира“ содржина за едно толку важно прашање? Со кои аргументи може да нè убеди некој дека изборот на овие два (нека бидат и три), лични ставови на случајно избрани личности, го оддава ставот на цело едно комплексно граѓанско движење?!?
Изворите мора да се автентични. Овој случај уште повеќе зачудува кога секој добро упатен професионалец во медиумите знае дека граѓанското движење „Шарена револуција“ веќе одамна има воспоставено механизми за информирање на јавноста и тоа токму преку социјалните мрежи.
Линк до оригиналниот напис: ЕДНО „БОМБИЧЕ“ ПРЕД СДСМ: „Шарените“ незадоволни од договорот, стрвни за протест и на „Бихаќска“
Датум и време на објавување: 21.7.2016, 12:15
Датум на рецензирање: 22.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
МАЛИЦИОЗНОСТ
Граѓанското движење „Шарена револуција“, истиот ден кога е објавена медиумската содржина, го објави својот став во врска со постигнатиот политички договор, што само потврдува дека до релевантен извор – може да се дојде.
Но, медиумската содржина што ја рецензираме, ја оддаваат повеќе елементи што ја прават пристрасна и еднострана. Првиот и најважниот – изборот на изворите – веќе го елабориравме на почетокот бидејки е најдрастичен.
Следниот елемент може да бидат коментаторските фрази, интегрирани во текстот, што ја откриваат малициозноста. Уште во насловот – зборот „стрвни“. За да се искаже едно такво екстремно и категорично мислење, тоа мора да дојде како последица на претходно добро изнесени аргументи и докази или како заклучок од искази на авторитетни и стручни познавачи како извори.
Тоа во овој текст го нема. Тоа го прави несеопфатен, а во таква ситуација, таа оценка е малициозен коментар искажан од потписникот на овој текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови