Сè е исто, само Бранко го нема!
Објавено во Рецензии
on 18 - 10 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)]
„Бранко не чини, ама добар ни е за контра Заев“. Така накусо се опишува ова четиво со срамежливи промо-елементи за „стариот“ и со „клетви“ за новиот СДСМ. Исто како што до пред неколку години што и да направеше Црвенковски беше лошо, така е и сега – сите потези на СДСМ не чинат. Разликата е што сега ликот е Заев. Значи, сè е исто само него го нема!
Линк до оригиналниот напис: Црвенковски со двојно помасовен собир од Заев доживеа тежок пораз на изборите во 2011-та (ФОТО+ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 11.10.2016, 18:01
Датум на рецензирање: 16.10.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ЦРНА КАМПАЊА
Црната кампања почна, иако официјално сè уште сме далеку од почетокот на изборниот натпревар. Направен е, би рекле, интересен мегамикс од стари и на нови видеоматеријали, од нешто од пред шест години и нешто тазе. Ваквиот пристап, кој не е невообичаен, сам по себе бара голема претпазливост за добро да се разграничи, а и да ѝ објасни на публиката што било, а што е. Значи, вниманието треба да биде високо за да не дојде до мешање на факти од „некогаш и сега“, зашто на тој начин лесно може да се дојде, што сакајќи, што несакајќи, до спин.
Во дадениот случај спин има, ама намерен. Очигледна е намерата, впрочем, таа не се ни крие, да се заблуди, загуби публиката во минатото и во сегашноста, во алузиите дека во минатото СДСМ правел појаки митинизи, а пак бил поразуван и дека собирот на 11 Октомври е знак дека социјалдемократите сега уште послабо поминуваат кај граѓаните. Секако, можеби е тоа така, ама тоа не се прави на начин како што е направено во ова четиво – преку злоупотреба на еден од врвните новинарски жанрови, коментарот.
„Платениците на СДСМ и на Сорос денеска дојдоа во срамен број, измаршираа од седиштето на СЈО по „Партизанска“ до Собранието на РМ и си заминаа на празничен ручек. Ниту автобусите од Струмица и Куманово не успеаја да го сокријат срамот од дебаклот на СДСМ, кој уште еднаш не успеа да собере достоен број граѓани кои ќе ги поддржат срамните политики за федерализација на државата.
Антимакедонското движење на СДСМ и Сорос го предводеа рамо до рамо Заев и Верушевски…
Сепак, народот ја препознава агендата на СДСМ и платениците, па ѝ сврте грб на дволичната, антидржавна политика на Заев бидејќи меѓу седум и осум илјади граѓани присустуваа на маршот, ни третина од оние кои ги собра Бранко Црвенковски на „Марш за слобода“.“
Пониско од ова здравје. Тоа не е целта на новинарскиот коментар и затоа велиме дека е урнисување на целиот жанр.
Ајде околу вистинитоста. Баш би сакал да видам кој е тој експерт кој може точно, прецизно да изброи колкава била посетеност на овој или на оној митинг, независно дали е организиран од опозицијата или од власта. Неблагодарно е да се расфрла еден текст со бројки за кои се знае дека се тешко проверливи, а притоа да се пласираат како факти.
УДРИ ПО НАЦИОНАЛНИОТ НЕРВ
Неизбежен е и етничкиот агол во приказната. Стариот лидер на СДСМ се фали дека во негово време на митинзите имало знамиња и од другите заедници, а сега, кога Заев е на чело на СДСМ, покрај македонското се веело само албанското знаме. Јасна е целта, да се погоди националниот нерв кај најбројната заедница и да се создаде паника, што веќе и е дел од кампањата на владејачката партија, дека опозицијата шурува со Албанците за сметка на македонските интереси. Опасна игра на зборови во чувствителен предизборен период.
Боде очи и веќе стопати повторената теза дека „СДСМ е исто со Сорос“. Ама најверојатно некој се водел од злогласната (Гебелсова максима) „Илјада пати кажана лага станува вистина“.
Значи, општиот заклучок, што се наметнува од содржината на написот, е дека Црвенковски, кој бил поарен од Заев, поминал лошо, а Заев, кој е полош од Црвенковски, ќе помине бетер. По чии критериуми? Па, изгледа, на власта.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови