„Сценарио за напад“ без докази
Објавено во Рецензии
on 1 - 04 - 2016 Автор: Benjamin ArifiНапис: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ спремила сценарио за напад?!
Скопје, 21 март – Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, траела многу кратко.
Седницата ја отворил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и на седницата беше присутна целата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека на седницата била повикана да присуствува и јавната обвинителка, која не се појави, и седницата ја презакажал за утре во 11 часот.
Комисијата треба да го разгледа извештајот на СЈО, и додека не се заврши тоа, извештајот не може да се стави на дневен ред за пленарна седница.
[Рецензија: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ спремила сценарио за напад?!]
Насловот на текстот е провокативен и јасно се гледа дека негова цел се што повеќе кликнувања. Кога навлегуваме во содржината на веста, гледаме дека таа не содржи ништо од тоа што е најавено во насловот. Веста не објаснува каков напад и какво сценарио подготвиле пратениците од ВМРО-ДПМНЕ против специјалната обвинителка Катица Јанева.
„Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, траела многу кратко. Седницата ја отворил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и на седницата беше присутна целата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека на седницата била повикана да присуствува и јавната обвинителка, која не се појави, и седницата ја презакажал за утре во 11 часот.“
Линк до оригиналниот напис: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ и спремила сценарио за напад?!
Датум и време на објавување: 21.03.2016
Датум на рецензирање: 23.03.2016
Рецензент: Бењамин Арифи
Воедно, во текстот ја нема и втората страна. Авторот на текстот не зел изјава од специјалната обвинителка за тоа зошто не присуствувала на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. За информација, од кабинетот на специјалната обвинителка известија дека според законот таа не е обврзана да присуствува и да дава отчет пред пратениците во Собранието.
Во Етичкиот кодекс на новинарите во Македонија пишува:
Насловот или најавата на прилогот мора да одговара на неговата содржина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови