Само од СМС-порака текст не бива
Објавено во Рецензии
on 19 - 04 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје]
Овој текст е едностран, а доказите и фактите презентирани во него се без цврста основа, што ја доведува во прашање неговата веродостојност. Tој се базира на една СМС-порака, при што целосно се игнорира втората страна во приказната.
Линк на оригиналниот напис: Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје
Датум и време на објавување: 15.04.2016
Датум на рецензирање: 19.04.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
А ДА СЕ ПРАША ДИРЕКТОРОТ?
Уште во самиот наслов од текстот имаме сензационална информација, дека директор на јавно претпријатие им се заканувал на вработените и ги терал да дојдат на контрапротест во Скопје. Ова само по себе не прецизира ништо, односно од насловот не може да се знае за кое јавно претпријатие станува збор и за кој град.
Истите општи формулации се користат и на почетокот од текстот.
„Граѓаните јавуваат за закани и присили од страна на локални директори на јавни претпијатија до вработените да одат на контрапротести во Скопје.“
Нешто поконкретно дознаваме дури во вториот пасус.
„Како што информираат граѓани од Крива Паланка, денеска директорот на ЈП „Комуналец“ од овој град им испратил СМС порака на сите вработени во која бара сите да одат на протест.“
Конечно разбравме дека станува збор за директор на ЈП „Комуналец“ од Крива Паланка! Но, кога веќе се конкретизираат овие работи, можело да се напише и неговото име. Тоа што недостига во текстот е и изјава од директорот, односно обид да се добие негов став. Дури и да одбил тој да даде изјава или воопшто да не одговорил на телефонските повици, потребно е тоа да се наведе во написот бидејќи СМС-пораката што е прикажана на фотографија не докажува ништо. Од самата фотографија не може да се види дека пораката ја испратил дриректорот на комуналното претпијатие, како што тврди написот.
Кога имаме обвинување, редно е да се слушне и засегнатата страна. А без нејзино вклучување во текстот, не може да стане збор за коректно и професионално сработен новинарски производ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови