Само едната страна на паричката
Објавено во Рецензии
on 1 - 12 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ПОПОВСКИ СИ ГО „ГАЗИ“ ПЕНДАРОВСКИ: Ако Заев беше толку голем демократ, ќе излезеше и ќе ги презентираше своите политички разговори!]
Имаме транскрипт од ТВ-дебата, ама едностран. Пренесен е настапот само на еден од учесниците, без притоа да се води сметка за објективноста. Тогаш, за каков пристап зборуваме? Пристрасен, би бил одговорот. Друг, но не помал проблем е и фотографијата искористена за илустрација. Класична фотомонтажа која нема информативна, туку партиско-политичка намена.
Линк до оригиналниот напис: ПОПОВСКИ СИ ГО „ГАЗИ“ ПЕНДАРОВСКИ: Ако Заев беше толку голем демократ, ќе излезеше и ќе ги презентираше своите политички разговори!
Датум и време на објавување: 29.11.2016
Датум на рецензирање: 30.11.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
НИТУ „О“ ОД ОБЈЕКТИВНОСТ
Еднострано, еднострано, еднострано…. Што да заклучиме за напис кој од дебата во која партиципирале претставници на четирите најголеми политички партии, го издвојува само настапот на човекот од владејачката партија? Не е тешко да се дојде до констатацијата дека станува збор за пристрасност. Нема ниту „о“ од обид за објективност. Напротив, написот, како што се вели, си „гази“ по утврдената патека на исклучива промоција на ВМРО-ДПМНЕ. Внимавајте, четивото има три параграфи и во нив се цитира само носителот на кандидатската листа на владејачката партија во првата изборна единица. Нема ништо друго, ја читаме позицијата на Никола Попоски и ничија друга, иако има уште тројца учесници во разговорот. Интересно, се става претенциозен наслов, дека некој некого „газел“ во дебатата, а притоа не му се дава шанса на „газениот“ да се слушнат и неговите позиции или одговори во однос на фаворизираниот претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова ли е објективно информирање, ова ли е професионално новинарство во чија основа е да се биде непристрасен „транспортер“ на веста до јавноста?
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинарите на Македонија.
Да сакавме да го прочитаме само ставот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го видевме нивниот дневен партиски билтен, а не да чекаме некој да објави квазиинформација „кастриарана“ од другите суштински елементи.
ФОТОМОНТАЖА ЗА ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА
Фотографијата е приказна за себе. Евтина монтажа за задоволување на пропагандистичките цели наменети за поширокото партиско членство. Се претставува лидерот на опозицијата на несоодветен и крајно омаловажувачки начин, таргетирајќи да се прикаже како интелектуално инфериорен во однос на власта. Притоа се користи од некои „оптшоприфатениот“ термин „црпнат“ од чија употреба понекогаш не се воздржуваат ниту претставници на владејачката коалиција. Тоа што некои политичари се мераклии да користат такви изрази во јавни настапи, не значи дека како урнек треба да го преземат и медиумите.
Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност… – член 11 од Кодексот.
Пристрасност, непристојност, непрофесионалност… Кочнечна оценка – слаба.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
фотографијата е навредлива
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови