verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Салса со грешка

on 17 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

08142015-tocka-salsa-crop-resize

[Рецензија: Автентично кубанско доживување во Македонија – Хола Охрид]

 

Дали ќе имаме автентично кубанско доживување во Охрид за време на меѓународниот салса-фестивал, останува да се види за време на фестивалот. Но, она што може сега да се „види“ е неавтентичноста во промотивната најава за овој настан, кој истакнува дека „Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија“. Тој факт, едноставно не е точен.

На тоа ни укажа наш читател на „Сервис за проверка на фактите“. Во неговото писмо до нас тој вели:

„Ви пишувам како би посочил на објави во врска со настан кој се најавува како: Прв меѓународен Салса фествал во Охрид и тоа крајот на август 2015.

Всушност истите портали имаат објавувано во 2011 кога навистина се случил првиот Салса Фестивал и тоа во Охрид во 2011 година, а истото се случува и во 2012 година во Охрид.“

Читателот на нашиот „Сервис за проверка на фактите“ оваа интервенција во врска со (не)точноста во медиумската содржина што ја рецензираме ја поткрепува и со линкови до веб-страници и до содржини што го потврдуваат неговото тврдење: најавениот настан не е прв меѓународен салса-фестивал во Македонија.

08142015-tocka-salsaЛинк до оригиналниот напис: Автентично кубанско доживување во Македонија – Хола Охрид

Датум и време на објавување: 13.08.2015, 10:55

Датум на рецензирање: 14.08.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Еве ги линковите од 2011 година што го потврдуваат тоа:

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/697956/index.htm

http://www.ohridnews.com/vesti/32787

http://www.zurnal.mk/content.asp?id=2011714145923

http://www.ritamplus.com.mk/…/37-seminarsacomp…/97-ohrid2011

Следствено, заклучокот што може да се изведе од ова сознание е дека новинарите мора да бидат претпазливи кога некој им „сервира“ ваков тип податоци – дека нешто се одржува за првпат или слично.

Точноста на фактите е едно од врвните принципи во новинарството. Затоа овој принцип е вметнат и во првиот член на Кодексот на новинарите. Тој нагласува:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Првата задача на новинарите е да ги проверат фактите. Тие не мора да паметат, но имаат право и должност да прашаат. Уште повеќе, денеска, во ерата на интернет, кога голем дел од меморијата и од архивата е на дофат до компјутерот, тоа не е тешко.

Некој ќе рече дека оваа информација не е од којзнае колкава важност и од интерес, но тоа е погрешен став. Погрешен зашто прашањето на точност и на вистината е важно за секого и во секоја ситуација. Прифаќањето на таквиот концепт демонстрира професиноналност и етичност.

Уште еден член од Кодексот на новинарите во овој случај е битен – членот 3. Оној кој налага објавување исправка. Еве што вели:

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

Доколку новинарот и медиумот не постапат според овој етички принцип, тогаш со тоа само ја потврдуваат својата непрофесионалност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови