„Рециклирана“ стара вест
Објавено во Рецензии
on 13 - 01 - 2017 Автор: Силвана Жежова
[Рецензија: Ким Јонг Ун се прошета на новиот аеродром, го егзекутирал архитектот]
Текстот што го рецензираме е стара вест (од јули 2015 година) за прошетката на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, а објавена е во јануари 2017 година. Иако веста е точна и нема ништо спорно во неа, сепак на читателите им се нуди стара информација, која погрешно информира за времето на настанот. Сите читатели не би знаеле дека ова се случило пред повеќе од една година, па би ја перципирале како актуелна вест. Медиумот што ја пласираше веста по неколку часа напиша извинување до читателите поради актуелизирање на стара вест, но, сепак, не ја избриша веста.
Линк до оригиналниот напис: Ким Јонг Ун се прошета на новиот аеродром, го егзекутирал архитектот
Датум и време на објавување: 11.01.2017
Датум на рецензирање: 13.01.2017
Рецензент: Силвана Жежова
БАЈАТА ИНФОРМАЦИЈА
Во веста се вели:
„Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун пред камерите парадираше на новоизградениот аеродром во Пјонгјанг пред неговото отворање, но како што тврдат медиумите од светот, не бил задоволен по што наредил екзекуција на архитектот Ма Вун-чун. Ма Вун-чун е еден од шестте дипломати кои се водат како исчезнати од минатата година. Според „Д Дипломат“, тој бил убиен во ноември бидејќи не извршувал наредби, односно бидејќи не го проектирал терминалот по стандардите на врховниот лидер“.
Но, без разлика дали се работи за вест пренесена од светот или не, треба да се внимава на нејзината вистинитост и актуелност. Добрата новинарска практика подразбира веста убаво да се провери пред да се објави, бидејќи во спротивно јавноста погрешно ќе се информира. Тоа е наведено уште во преамбулата и во првиот член од Кодексот на новинарите:
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија… (Преамбула)
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи…
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно… (член 1)
Неколку часа по објавата на веста, увиден е пропустот и напишано е извинување дека веста е по грешка актуелизирана. Ова е коректно, но, сепак, тоа не ја намалува одговорноста поради направениот превид.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
стара вест
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија (агенциска вест)
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови