verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Промо-спот за Путин како од некои минати советски времиња

on 2 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Англиски

1112-0987-098-0099880-crop-resize

 

[Рецензија: ЗОШТО СВЕТОТ САКА ЛИДЕР КАКО ПУТИН: Погледнете го Путин како лета со бомбардери, вози комбајн, се трка со Формула 1 и многу друго!]

 

Воспевање, воспевање, воспевање и малку повеќе потпикување…

111Линк до оригиналниот напис: ЗОШТО СВЕТОТ САКА ЛИДЕР КАКО ПУТИН: Погледнете го Путин како лета со бомбардери, вози комбајн, се трка со Формула 1 и многу друго!

Датум и време на објавување: 26.09.2015

Датум на рецензирање: 30.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„РАСИПНИЧКО РАСФРЛАЊЕ“ ЕПИТЕТИ КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СТАЛИН

Искрено, зачуден сум. Да сме во Русија, претпоставувам дека вакви написи би биле и се нормална појава, арно ама не сме. Се обидувам да ја откријам причината за ваквото идолопоклонство кон „главниот во Кремљ“, ама тешко ми оди. Овој текст ги исполнува сите неновинарски критериуми неопходни за да се вгради во медиумската пропаганда на властодршците во Москва. Ако тргнеме од основите – конкретниот материјал нема каква било информативна компонента. Што е од толкава важност за македонската публика да се покаже промо-спот за Владимир Путин, како од некои минати советски времиња и, притоа, со поданички пристап да се величи неговиот лик и дело? Никаква – е одговорот. Такво „расипничко расфрлање“ со епитети претпоставувам дека немало од времето на Сталин: „носител на мултиполарен свет, најмоќна воена нација, Путин е лидер кој речиси секој народ би го посакал“. Неаргументирано фалбаџиство со исклучително силни коментаторски примеси:

„Неговата исклучителна, хирушки прецизна политика, идеологија која ја крена Русија на пиедесталот, но и неговата едноставност и припадост кон едноставниот граѓанин е причината поради која речиси секој посакува ваков лидер во неговата држава. Погледнете зошто Путин е политички гигант, но истовремено и едноставен Русин.“

Што да се каже, освен дека овие формулации се класично советско агитпропство.

 

ДОМАШНА ВЕРЗИЈА НА СОВЕТСКИОТ „ОТДЕЛ АГИТАЦИИ И ПРОПАГАНДЫ“

Агитпроп, кратенка од „Отдел агитации и пропаганды“, опфаќа настапи, памфлети, текстови, филмови и други форми на изразување со експлицитна политичка порака.

Ни се продава приказна за новиот руски поредок со Путин на чело, преку насловот Погледнете го Путин како лета со бомбардери, вози комбајн, се трка со Формула 1 и многу друго“! А, зошто да не биде и „Погледнете го Путин како систематски ја разорува опозицијата, како темелно ги задушува медиумите, како анектираше територија од суверена држава, како поддржува граѓански конфликт во Украина и многу друго….“ Значи, ем воспевање, ем пристрасност, ем невидена селективност. Оттука, каква содржајност би очекувале. Квалитетна, сигурно не!

Да заклучиме. Да, Путин е еден од најважните светски политичари, но колку и да сака овој вулгарен антиновинарски памфлет да го покаже како супермен, тој, сепак, е човек од крв и од месо, грешен, со низа сериозни маани и слабости, кого сигурно не секој го посакува за лидер на својата држава. Јас сигурно не го сакам тоа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

шири пропаганда

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови