verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наменски пласиран текст за да го наруши угледот на споменатите личности

on 13 - 09 - 2015       

Жерновски-Пенов-и-Макрадули-меѓу-политичарите-кои-Теле-httprepublikamk-crop-resize

 

[Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?]

 

Текстот Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?“ е наменски пласиран за да го наруши угледот на споменатите личности. Независно што насловот е даден во прашална форма, тој е доволно провокативен за да го привлече вниманието на читателите.

Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Теле_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Жерновски, Пенов и Макрадули меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра?

Датум и време на објавување: 12.09.2015, 13:48

Датум на рецензирање: 13.09.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

А, ДА СЕ ПРАША ЗАСЕГНАТАТА СТРАНА?

Од насловната конструкција одекнува силна дискредитирачка порака дека тројцата опозициски политичари се офајдиле од случајот „Телеком“,  а прашалникот на крајот од насловот воопшто не го намалува оцрнувачкиот ефект.

Засегнатата страна, пак, воопшто не е застапена во текстот. Не се забележува дека е направен обид да се добие потврда од луѓето чии имиња, наводно, се на списокот потплатени од  „Маѓар телеком“ и од „Дојче телеком“.  Впрочем, набргу по објавувањето на написот (12 септември 2015 година), двајца од споменатите –  Жерновски и Макрадули (на своите ФБ-профили), ги демантираа обвинувањата и најавија тужби.

Текстот, инаку, се повикува на документ од судот во Њујорк, кој се однесува на аферата со митото  од „Маѓар телеком“, според кој компанијата во 2005 година била подготвена со два милиони евра да ја купи поддршката на пратеници од тогашната владејачка коалиција (СДСМ, ДУИ и ЛДП), за да се спречи либерализацијата на пазарот на мобилната телефонија. И овој документ е коректно пренесен.

Имено, во самиот напис се дадени скриншотови од каде може да се види што пишува во документот. Во содржинскиот дел на текстот се има повнимателен пристап и се вели дека од компанијата се „обиделе да обезбедат законска гаранција“ дека „Македонски телекомуникации“ ќе ја задржат монополската позиција и предложиле „лобирање насочено кон одреден број пратеници“, членови на Собраниската комисија за транспорт и врски. Притоа, како што стои и во документот, се посочени имињата на членовите на тогашниот состав на ова собраниско тело, меѓу кои се и Жерновски и Макрадули. А, исто така, е наведено и дека „улогата на Атила Сендреи  е да контактира со Ристо Пенов за да се убедат членовите на Собранието од ЛДП”.

Но, ниту еден од тројцата политичари не е прашан да даде коментар за наводната инволвираност во овој корупциски скандал и конкретно да каже дали во тоа време (2005 година) имал контакти и „непристојни“ понуди од претставници – посредници на „Маѓар телеком“ и на „Дојче телеком“. Односно, дали тие навистина се „меѓу политичарите кои Телекомот ги потплатувал со два милиони евра“, како што навидум прашува насловот, а всушност констатира.

 

ВМРО-ДПМНЕ НЕМА ВРСКА СО АФЕРАТА „ТЕЛЕКОМ“!

Меѓутоа, идејата на текстот што го рецензираме не е да пренесе објективна информација за вклученост на македонски поранешни и актуелни функционери во аферата со поткуп од „Маѓар телеком“, туку да ги извалка имињата само на одредени политичари. Затоа и селективно се прикажуваат информациите кои говорат за инволвираност само на опозициските политичари, а не и тие што укажуваат и за наводна поврзаност на високи функционери од владејачката партија.

Па, пишуван во тој дух, овој пристрасен текст целосно ја амнестира актуелната власт (поточно ВМРО-ДПМНЕ) од  крупцискиот скандал со „Маѓар телеком“, при што заклучува дека монополската позиција на македонскитот телекомуникациски пазар „беше разбиена од страна на ВМРО-ДПМНЕ со воведувањето на лиценцата за трет самостоен мобилен оператор во 2007 година и со подоцнежната продажба на компанијата Космофон на словенечкиот Телеком.“

Иако, според објавеното сведочење на ексразузнавачот Слободан Богоевски, во коруптивната шема на тогашниот  „Маѓар телеком“, наводно, се наоѓаат и имиња на луѓе од владејачката партија. А пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во интервју за еден видеопортал вели дека за оваа афера бил информиран и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови