Наменски врамен текст по мерка на власта
Објавено во Рецензии
on 14 - 07 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Заев на поправен кај Хан и Нуланд]
Станува збор за целосно необјективен, едностран прилог пласиран „во очи“ на посетите на помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд, (13 јули 2015 година) и на комесарот за преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан, (14 јули 2015 година). Овој материјал го става во негативен контекст претседателот на СДСМ, Зоран Заев, креирајќи перцепција дека високата американска претставничка и еврокомесарот ќе ја насочат „острицата“ на критиките само кон шефот на опозицијата.
Линк до оригиналниот напис: Заев на поправен кај Хан и Нуланд
Датум и време на објавување: 12.07.2015, 16:25
Датум на рецензирање: 13.07.2015
Рецензент: Оливера Војновска
КРИТИКИ САМО ЗА ЗАЕВ!
Тенденциозноста на овој политички пристрасен текст е видлива во самиот наслов: „Заев на поправен кај Хан и Нуланд“. И не само насловот, туку целиот прилог остава впечаток дека на лидерот на СДСМ ќе му бидат „истегнати ушите“.
Всушност, најавата за доаѓањето на двајцата дипломати (Нуланд и Хан) е искористена за уште еден од серијата напади на Заев. Материјалот се повикува на нивните изјави – пораки, но паушално ги толкува и наменски ги врамува по мерка на власта. Така, на пример, повикот на Нуланд од Форумот во Дубровник, во написот се толкува дека е адресиран само до опозицискиот лидер. Притоа како „параван“ се користат анонимни експерти.
А, еве што порача помошничката на државниот секретар на САД:
„Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и за просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од Соединетите Американски Држави, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност!“
На идентичен начин – како повик упатен до опозицијата, се третира и изјавата на еврокомесарот Хан:
„Сите партиски лидери треба да запрат да губат време во интерес на земјата, што е на прво место“
ПРЕМИЕРОТ НИ Е СУПЕР!
И додека во прилогот се редат критики на сметка на Заев, премиерот, пак, се претставува во позитивно светло – како конструктивен во преговарачкиот порцес и како исполнителен во однос на барањата на Европската комисија:
„…Груевски, на последната средба го претстави владиниот нацрт-план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеењето на правото што е потребно да се спроведат согласно точката шест од договорот на 2 јуни.“
Сепак, дали на средбите со Нуланд и со Хан ќе бидат испорачани и некакви барања до лидерот на владејачката партија, кој веќе девет години е на чело на македонската Влада? Дотолку повеќе, што извештајот на експертскиот тим на Европската комисија, предводен од поранешниот директор на Директоратот за Западен Балкан, Рајнхард Прибе, на 20 страници идентификува недостатоци во пет сфери, и тоа: следење на комуникациите (прислушувањето), судството и обвинтелството, контролата – надворешен надзор од независни органи, изборите и медиумите.
Но, написот, воопшто не поставува ваква дилема, едноставно не се занимава со „небитни“ прашања!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови